Светското клупско првенство на ФИФА заврши кон средината на месецов, а детали за натпреварувањето во Соединетите Американски Држави сè уште дознаваме, првенствено за официјалната церемонија по финалниот натпревар во Њу Џерси.
Поточно, за заедничката прослава на играчите на Челси и претседателот на САД, Доналд Трамп, иако протоколот на ФИФА не предвидува луѓето што го доделуваат трофејот да останат на сцената. Тој своеволно го прекрши.
„Ни беше кажано дека, по правило, Доналд Трамп ќе дојде да ни го врачи трофејот и дека не можеме да го подигнеме додека не си замине. И, секако, сите бевме таму чекајќи го да си замине, но тој не си замина. Покрај тоа, го погледнавме и тој рече: 'Подигнете го, ќе останам тука...' Се прашував кој би му рекол нешто, знаете... Бев преплашен“, откри шпанскиот репрезентативец Марк Кукуреља во интервју за Jijantes FC.
THE TROPHY IS OURS!!! 🔵 pic.twitter.com/FhvHlgNO3c
— Chelsea FC (@ChelseaFC) July 13, 2025
Тој и другите момци во дресот на англискиот клуб, на крајот од прекуокеанската бајка, го „смачкаа“ претходно моќниот Пари Сен-Жермен.