ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО

Ла Лига доминира во финалето: Неверојатни податоци пред битката за пехарот

Финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина нема да биде само битка за титулата светски шампион, туку и пресметка на најсилните фудбалски лиги и клубови. А, кога ќе ги погледнете составите на двата финалиста, едно е јасно: шпанската Ла Лига апсолутно доминира.

Хулиан Алварес (Атлетико) во дуел со Дани Олмо (Барселона)

Од 52 играчи што ќе им бидат на располагање на селекторите во финалето на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси, дури 24 играат во шпанската Ла Лига, речиси половина од сите учесници во финалето. Тоа не е изненадување со оглед на тоа што еден од финалистите е Шпанија, но и Аргентина има фудбалери во оваа лига.

Премиер лигата е далеку зад неа, со 13 претставници во големото финале, додека другите лиги се значително помалку застапени.

Особено е интересно што само тројца играчи доаѓаат од аргентинскиот шампионат, Николас Отаменди и Гонсало Монтиел од Ривер Плејт, како и Леандро Паредес од Бока Жуниорс.

Најголем придонес во финалето има мадридски Атлетико, кој има дури 9 играчи во репрезентациите на Аргентина и Шпанија и тоа Хуан Мусо, Науел Молина, Тиаго Алмада, Џулиано Симеоне и Хулиан Алварес од едната, а Марк Пубиљ, Алекс Грималдо, Маркос Љоренте, Алекс Баена на другата страна. Интересно е што клубот на Диего Симеоне има повеќе претставници меѓу Аргентинците (5) отколку во шпанската репрезентација (4).

Веднаш зад Атлетико е Барселона, со 8 играчи, сите од шпанската репрезентација: Жоан Гарсиа, Пау Кубарси, Ерик Гарсиа, Педри, Гави, Дани Олмо, Ламин Јамал ​​и Феран Торес.

По тројца играчи во финалето имаат Арсенал (Давид Раја, Мартин Зубименди и Микел Мерино), Атлетик (Унаи Симон, Ајмерик Лапорт и Нико Вилијамс) и Тотенхем (Кристиан Ромеро, Маркос Сенеси и Педро Поро).

Интер Мајами (Лионел Меси и Родриго де Пол), Ривер Плејт (Николас Отаменди и Гонсало Монтиел), Ливерпул (Алексис Мак Алистер и Виктор Муњос) и Олимпик Марсеј (Херонимо Ружи и Факундо Медина) имаат по двајца претставници.

По еден претставник имаат Астон Вила (Емилиано Мартинес), Манчестер Јунајтед (Лисандро Мартинес), Лион (Николаа Таљафико), Бока Жуниорс (Леандро Паредес), Челси (Енцо Фернандес), Стразбур (Валентин Барко), Баер Леверкузен (Ексекиел Паласиос), Комо (Нико Пас), Бетис (Џовани Ло Селсо), Јувентус (Нико Гонсалес), Интер (Лаутаро Мартинес), Палмејрас (Хосе Мануел Лопес), Реал Мадрид (Марк Кукуреља), Манчестер Сити (Родри), Пари Сен-Жермен (Фабиан Руис), Кристал Палас (Јереми Пино) и Реал Сосиедад (Микел Ојарсабал).

Исто така е интересно да се забележи дека клубовите што ја освоија Лигата на шампионите во последните години имаат изненадувачки мало влијание врз финалето на Светското првенство. Гледајќи ги победниците на елитното европско натпреварување во последната деценија, само неколку од нивните играчи се меѓу финалистите. Ливерпул ги има Алексис Мак Алистер и Виктор Муњос, Пари Сен-Жермен го има Фабиан Руис, Манчестер Сити го има Родри, Челси го има Енцо Фернандес, додека Реал Мадрид го има штотуку потпишаниот Марк Кукуреља.

реклама

Забременување по 40-тата година: Што се менува и како да ги следите плодните денови?

Read more

Дали ја видовте „ракетата“ на Доминик Собослаи против Тотенхем?

Read more

Саудијците ја секнаа нафтата за Европа, итно се бараат алтернативи

Read more

Домашна погача што секогаш излегува совршено и е лесна за подготовка

Read more

Фудбал

Скандал во Реал Мадрид: Мбапе, Вини и Конате одбиja да носат маици против инвазијата на мигранти

Read more

Дали ја видовте „ракетата“ на Доминик Собослаи против Тотенхем?

Read more

Роналдо го купува Ал-Наср

Read more

Лига Европа уште не почнала, а исландски тим обезбеди учество за наредната сезона

Read more

Спорт

  • play_arrow

Скандал во Реал Мадрид: Мбапе, Вини и Конате одбиja да носат маици против инвазијата на мигранти

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали ја видовте „ракетата“ на Доминик Собослаи против Тотенхем?

Читај повеќе

Роналдо го купува Ал-Наср

Читај повеќе

Тежок пораз на одбојкарите од Португалија, останаа без шанси за пласман во нокаут фазата

Читај повеќе

Лига Европа уште не почнала, а исландски тим обезбеди учество за наредната сезона

Читај повеќе

Промени во Астон Мартин: Хонда го менува човекот задолжен за моторот, доаѓа нов план за спасување на проектот

Читај повеќе

Родри откри зошто го одби Реал: Не беше поради Златната топка

Читај повеќе

Каваи Ленард се враќа во Торонто

Читај повеќе

Серија А лудува како никогаш: По 4 кола нема меч без голови!

Читај повеќе