Лаутаро вели дека Кејн е подобар од Халанд, објасни и зошто

Ѕвездата на Интер, Лаутаро Мартинес вели дека Хари Кејн е најдобриот централен напаѓач во светот, дури и подобар од Ерлинг Халанд, а приликата ја искористи и да му врати на Мурињо.

„Нема многу смисла да се споредуваат фудбалери од различни ери“.

La Gazzetta dello Sport го праша капитенот на Интер, Лаутаро Мартинес, кој е најдобриот централен напаѓач во светот во моментов: „Хари Кејн. Го ставам пред Халанд поради начинот на кој ја контролира топката, се поврзува и ја чита играта, како и поради неговите удари со глава; феномен е“, одговори Аргентинецот.

За време на истото интервју, Лаутаро зборуваше за својот приватен живот и кариера, откривајќи дека размислувал да го напушти Интер минатото лето по Светското клупско првенство. Додаде и дека нема да остане во фудбалот по пензионирањето.

Поранешниот тренер на Интер, Жозе Мурињо, освојувач на тројната круна на во 2010 година, неодамна изјави дека ниту еден играч во сегашниот состав на Интер не би бил стартер во неговиот легендарен тим , дури ни Лаутаро, бидејќи го претпочита неговиот сонародник Диего Милито.

„Секој има свои идеи. За мене нема многу смисла да споредувам фудбалери од различни ери“, одговори Лаутаро.

„Важно е да се размислува за доброто на Интер, без премногу да се слуша брборењето. Мора да се живее во сегашноста, што е многу. Толку многу.“

Интер ја обезбеди двојната круна во домашната конкуренција оваа сезона, освојувајќи ги Копа Италија и Скудетото, што го прославија со своите навивачи во парада со отворен автобус во неделата.

Лаутаро на коло пред крајот во Серија А е лидер на листата за најдобри стрелци со 17 голови, 4 повеќе од триото Маркус Турам, Дониел Мален и Анастасиос Дувикас, па тешко е за верување дека некој ќе му ја земе наградата капо канониере.

реклама

Нуркачи конечно го најдоа римскиот мост стар 1.700 години во Швајцарија  

Read more

Почнува со емитување каналот Арена спорт Македонија

Read more

Неделен хороскоп од 8 до 14 јуни за секој знак

Read more

Куба ја погоди најсилен земјотрес во последните 70 години, тресеше и на Флорида

Read more

Фудбал

Колку ќе заработат судиите на Светското првенство?

Read more

Безбедносен трилер зад кулисите: Фудбалерите на Сенегал и Узбекистан претресувани како криминалци

Read more

САД не му дозволи влез на најдобриот африкански судија, ФИФА немоќна

Read more

Бразилец ќе суди на отворањето на Светско

Read more

Спорт

  • play_arrow

Почнува со емитување каналот Арена спорт Македонија

Читај повеќе

Колку ќе заработат судиите на Светското првенство?

Читај повеќе

Преседан на ИХФ: Мундијалска вајлд карта за Турција и Саудиска Арабија

Читај повеќе

Безбедносен трилер зад кулисите: Фудбалерите на Сенегал и Узбекистан претресувани како криминалци

Читај повеќе

САД не му дозволи влез на најдобриот африкански судија, ФИФА немоќна

Читај повеќе

Бразилец ќе суди на отворањето на Светско

Читај повеќе

Гросо е нов тренер на Фиорентина

Читај повеќе
  • play_arrow

Вемби ги предводеше Спарс до победа над Никс и ја намали разликата во финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Џака повторно го покажа албанскиот симбол за кој ФИФА го казни

Читај повеќе