По финалето на Купот на кралот, сè уште се зборува за потезите на Реал Мадрид пред, за време и по натпреварот против Барселона, кој Каталонците го добија со 3:2 по продолженијата.

За потсетување, фокусот е пред се на однесувањето на мадридскиот гигант кон судијата Рикардо де Бургос Бенгоечеа. Пред натпреварот, Реал објави видео со одлуките на судијата, за кои тврди дека се во корист на Барселона, по што Де Бургос Бенгоечеа одржа емотивна прес-конференција.
Реал отиде чекор понатаму, откажувајќи ги сите официјални активности пред финалето во Севиља, па дури и побара промена на судијата. Ништо од тоа не се случи, Де Бургос Бенгоечеа делеше правда во тој натпревар, а особено сè отиде предалеку во финалето од второто продолжение. Прво го исклучи Џуд Белингам покажувајќи му втор жолт картон за агресивно приближување кон него по последниот свиреж.
Тој не застана тука, им покажа црвени картони и на двајца други играчи на Реал кои беа заменети претходно. Антонио Ридигер ја доби наградата затоа што фрлаше мраз кон судијата, а Лукас Васкес затоа што протестираше на теренот.
Ова однесување на Реал беше остро критикувано од францускиот спортски дневен весник L’Equipe кој не штедеше зборови...
„Постапките на Реал пред и за време на финалето на Купот на Кралот демонстрираат загрижувачко зло. Реал се однесува како да е над правилата што важат за сите други и далеку од вредностите на почитта и спортот, за кои секогаш тврди дека ги брани“, се вели во текстот.
„Реал Мадрид се однесува како разгалено дете кое не може да се справи со фрустрацијата. Исклучувањата на Васкес, Белингам и Ридигер се кулминација на гневот, фрустрацијата и беспомошноста што го зафатија Реал Мадрид оваа сезона. Кризата низ која минува Реал Мадрид не е само спортска, туку и етичка. Без искрена самокритика, Реал Мадрид ќе потоне уште повеќе од својата историска величина.“
На крајот дојдоа до заклучокот:
„Тензиите што ги крена Реал пред финалето, протестите против судиите и инцидентите што ги предизвикаа, особено нападот на Ридигер врз судијата, оставија загрижувачка слика за Реал. Не е само проблем со санкции што ги чекаат играчите кои се вознемирувачки, Реал се соочува со криза на репутацијата што може да доведе до големи промени во тимот и на клупата.
Оваа сезона, обележана со нестабилност и фрустрација, покажа колку е важно клубот да се погледне во огледало и не само да го обнови тимот, туку и имиџот на институцијата ако Реал сака да го врати кредибилитетот и доминацијата што го краселе низ историјата.“