Левандовски во јуни ќе ја напушти Барселона

Макфакс/Кајгана
/ 02.12.2025 / 14:39

Полскиот напаѓач Роберт Левандовски (37) ќе ја напушта Барселона на крајот од сезоната.

По четири години соработка, клубот одлучи да не ја продолжи соработката со Роберт Левандовски и покрај тоа што има опција да му го продолжи договорот на дополнителни 12 месеци.

„Барселона нема да ја обнови соработката со Роберт Левандовски. Тој го напушта клубот“, тврди Athletic.

Каталонците одлучија да направат место за некој помлад. Левандовски е во ветеранските години, ќе го прослави својот 38. роденден на почетокот од следната сезона. Барса верува дека неговото време е истечено, иако не изгледа така на теренот.

Полјакот игра одлично и оваа сезона, постигна 8 голови и 1 асистенција на 15 настапи. Во вкупно 162 натпревара, Левандовски постигна 109 голови и забележа 21 асистенција.

Левандовски нема намера да ја заврши кариерата. Иако следното лето ќе наполни 38 години, интересот за неговите услуги е голем.

Според Athletic, Барселона нема да го откупи договорот на Маркус Рашфорд на крајот од сезоната.

Англискиот фудбалер игра за каталонскиот клуб како позајмен играч од Манчестер Јунајтед.

реклама

Кои се најдобрите половни автомобили до 3.000 евра? 

Read more

Фрапантно: Директорка на основно во Прилеп сече јавори оти ѝ сметале паднатите лисја

Read more

Свинско со зеленчук во фолија: Месото ќе се распадне под вилушката

Read more

Дел од фабрика за муниција во Италија летна во воздух

Read more

Фудбал

Работнички објави 10 засилувања за новата сезона

Read more

Ретко видена скромност: Најдобриот играч на Светското лета со Ryanair наместо со приватен авион

Read more

Крај на чудесната ера на Лестер: Стигнаа до врвот, потонаа и сега се на продажба

Read more

Уште еден сојузник му врти грб на Инфантино

Read more

Спорт

  • play_arrow

Ѓоковиќ откри одлични вести за состојбата на своето тело пред Мастерсот во Синсинати

Читај повеќе

Работнички објави 10 засилувања за новата сезона

Читај повеќе

По 11 години вегетирање почина боксерот што во контроверзен меч претрпе сериозни повреди на главата

Читај повеќе
  • play_arrow

Расел Вестбрук замина во пензија

Читај повеќе

Македонија, Србија и Словенија официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕУРО 2034

Читај повеќе
  • play_arrow

Ретко видена скромност: Најдобриот играч на Светското лета со Ryanair наместо со приватен авион

Читај повеќе

Крај на чудесната ера на Лестер: Стигнаа до врвот, потонаа и сега се на продажба

Читај повеќе

Уште еден сојузник му врти грб на Инфантино

Читај повеќе

Шокантни детали од судењето: Марадона умирал во агонија

Читај повеќе