Лоши вести за ПСЖ и Мароко – Хакими ќе отсуствува неколку недели

Макфакс/Кајгана
/ 05.11.2025 / 19:23

Луис Диас го обележа синоќешното дерби на „Паркот на принцовите“. Колумбиецот ги постигна двата гола за Баерн, во 4. и 32. минута, а во финишот на првиот дел со брутален старт го повреди Ашраф Хакими и доби црвен картон.

Десниот бек на ПСЖ во солзи и со помош на лицата од медицинскиот тим на ПСЖ го напушти теренот, а нешто подоцна со помош на патерици замина од стадионот.

Актуелниот европски првак денеска се огласи по повод повредата на Хакими, истакнувајќи дека тој ќе паузира неколку недели.

„Ашраф Хакими страда од тешка повреда на левиот глужд, поради што ќе биде недостапен неколку недели“, соопшти ПСЖ.

Француските медиуми пишуваат дека поради степенот на повредата Мароканецот ќе паузира најмалку два месеца.

Доколку прогнозите се точни, ова е лоша вест за тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, и селекторот на Мароко, Валид Реграги.

Паузата од два месеца значи дека Хакими ќе го пропушти Африканскиот куп на нации, кој започнува на 21 декември. Неиграњето на капитенот ќе биде голем удар за Мароканците кои имаат најголеми амбиции. Мароко последен пат го освоил АФКОН во далечната 1976 година.

реклама

Кој ги нападна бродовите крај бугарскиот брег? Зеленски вели едно, Бугарите – друго

Read more

Роналдо детално и долго ја објасни својата верзија за напуштањето на репрезентацијата

Read more

3 трикови како да изберете квалитетно маслиново масло

Read more

Трамп: Наскоро ќе му се јавам на Путин во врска со она што се случи во Сибир

Read more

Фудбал

Невообичаена сцена на прошталниот меч на Меси: Судијата му ги подари картоните за спомен

Read more

Роналдо детално и долго ја објасни својата верзија за напуштањето на репрезентацијата

Read more

Последно танго за вечноста: Меси во солзи се збогуваше со Аргентина

Read more

Муслиу: За успех мора сите да учествуваме дефанзивно

Read more

Спорт

  • play_arrow

Невообичаена сцена на прошталниот меч на Меси: Судијата му ги подари картоните за спомен

Читај повеќе

Роналдо детално и долго ја објасни својата верзија за напуштањето на репрезентацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Последно танго за вечноста: Меси во солзи се збогуваше со Аргентина

Читај повеќе

Седум земји во трката за домаќин на Олимписките игри 2036 

Читај повеќе

Муслиу: За успех мора сите да учествуваме дефанзивно

Читај повеќе

Седлоски: Не дојдовме само да го одиграме натпреварот

Читај повеќе

Евролигата ја одби понудата од НБА

Читај повеќе
  • play_arrow

Јаник Синер објави крај на сезоната

Читај повеќе

Бенин има урнебесен тактички план за Меси на збогувањето: Не го чуваме, само ќе уживаме

Читај повеќе