Поранешниот хрватски репрезентативец даде контроверзна изјава во која рече дека резултатот од финалето на Светското првентсво во Русија можеби била политичка одлука.
Дејан Ловрен, кој сега има 36 години и за Хрватска не игра од Мундијалот 2022 во Катар, гостуваше во емисијата „Druga strana medalje“ на MAXSport.
„Никогаш не го изгледав тој натпревар, само хајлајтс и головите бидејќи ми се појавија на YouTube. Секогаш ќе бидам лут за одредени работи, тој фаул врз Гризман бидејќи воопшто не постоеше. А, потоа и тој пенал... Затоа не сакам да го гледам. Едноставно, тие спомени повторно би ми се вратиле, фрустрацијата, лутината.“
На големото финале играно на „Лужники“ во Москва за прв пат се најде Хрватска, но беше поразена со 4:2 од Франција. Откако Манџукиќ си постигна автогол, по само десет минути Перишиќ израмни. Но, потоа на сигнализација од ВАР беше досудено дека Перишиќ играл со рака и Франција доби пенал кој Гризман го реализираше за враќање на водството.
„За жал, дали беше од политичка страна, дали мораше да биде така? Не знам. Можеби ова се повторно теории на заговор, и луѓето ќе речат: 'Еве го, пак, зборува.' Добро, изгубивме, тоа е тоа. Којзнае што ќе се случеше ако го освоивме златото.“
Во вториот дел „Ле Блу“ постигнаа уште два гола преку Погба и Мбапе, а Манџукиќ го ублажи поразот за конечни 4:2.
Ловрен денес игра за солунски ПАОК.