УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2025/2026 ПОЛУФИНАЛЕ

ЛШ класика: Никогаш поефикасните Јорганџии против дефанзивно злобните Топчии

Фудбалерите на Пари Сен-Жермен и Баерн синоќа му зададоа многу тешка задача на другиот полуфинален пар од Лигата на шампионите, бидејќи нè почестија и воодушевија со 9 гола во нивната прва битка, но фактот дека вечерва теренот на стадионот „Метрополитано“ ќе го делат џелатот на Барса, Атлетико, и единствениот непоразен тим во тековната сезона од елитното натпреварување, Арсенал, ветува возбуда и забава.

Плус, еден од трите најголеми шпански клуба и лидерот на Премиер лигата во сонува да го освои првиот ушест пехар во својата историја, а бидејќи нивните патишта се вкрстија во првата фаза од тековната Лига на шампиони, се познаваат во најситните детали, па би можеле и (или) би морале да измислат некоја нова тактика за да се пласираат во големото финале во Будимпешта. Исто како што „Јорганџиите“ никогаш не биле поефикасни, со своите рекордни 34 голови во Лигата на шампионите сезонава, „Топчиите“ се исто така силни во одбраната, со само 5 примени голови досега.

„Не е притисок, туку одговорност. Освојувањето на Лигата на шампионите е огромна цел, нешто што клубот никогаш не го постигнал. Тоа е фудбалски натпревар и, на крајот на краиштата, играчите се тие што ги одлучуваат овие натпревари“, ја сумираше изјавата на тренерот на Атлетико, Диего Симеоне

Под водство на аргентиснкиот стратег Атлетико беше европски вицешампион во 2014 и 2016 година кога во двата наврата губеше од Реал Мадрид.

Капитенот на тимот од Пиринејскиот Полуостров, Коке, имаше живописно објаснување за тоа што доаѓа.

„Секогаш кога ќе се приближи денот, чувствуваш нервоза во стомакот како на првиот состанок со девојката што ти се допаѓа. Има нервоза во деновите пред играта, но за време на играта ќе бидам смирен“, верува водачот на армијата на Симеоне.

Микел Артета не го предводеше лондонскиот тим во нивното единствено финале во Лигата на шампионите, во 2006 година (тогаш имаше 24 години и играше за Евертон), но Баскиецот беше на чело во топ 4 фазите од најсилното клупско натпреварување на Стариот континент. Сега сака барем еден чекор напред.

„Голема привилегија е повторно да бидам тука, две години по ред во полуфиналето на Лигата на шампионите. Каква можност, и ќе ја искористиме со сета сила. Покажавме во Европа на секој терен што можеме да направиме. Мораме да играме со таа самодоверба и таа желба“, вели експертот кој е предизвикувач на Аргентинецот на тренерската позиција во Атлетико.

Мартин Одегард, капитенот на Арсенал, сака да верува дека оваа сезона ќе биде запишана со златни букви во аналите на Арсенал.

„Ова е најдобриот дел од сезоната, сите се подготвени за него. Знаеме за што играме. Ова е можност да направиме нешто посебно. Огромно е, како што реков, во одлична позиција сме. Сакаме да го направиме тој последен чекор и да направиме нешто навистина големо“, се надева првиот играч на гостинскиот тим.

Арсенал можеби има мала психолошка предност во фактот што го разбија вечервашниот домаќин во нивниот октомвриски дуел во Лондон, победувајќи со убедливи 4:0.

Веројатни состави:

Атлетико: Облак; Молина, Пубиљ, Ле Норман, Руџери; Симеоне, Љоренте, Коке, Алекс Баена; Гризман, Алварес.
Не играат: Бариос (мускул), Хименес (неодредено)
Неизвесни: Ханцко (глужд), Лукман (мускул)

Арсенал: Раја; Вајт, Габриел, Салиба, Инкапје; Рајс, Одегард, Субименди; Сака, Ѓекереш, Мартинели.
Не играат: Мерино (стапало), Тимбер (глужд), Хаверц (мускул)
Неизвесни: /

Судии:

Правдата ќе ја дели Дани Макели, а ќе му помагаат Хесел Стехстра и Јан де Врис, додека четврти ќе биде Сердар Ѓозубујук. Во ВАР собара главен ќе биде Денис Хихлер ос асистентот Пол ван Букел. Сите судии се од Холандија.

Пренос:

Директниот пренос за територијата на Македонија ќе биде на Arena Premium 1 од 21:00 часот.

реклама

Зетот на Трамп има визија: Крои нова карта на Европа

Read more

Кумот на AI: Ни се заканува колапс на банките и електричната енергија уште годинава

Read more

Лекот за мрзливи црева се става во утринското кафе, а ќе ве чини 50 денари месечно

Read more

Како телото ви праќа знаци дека имате покачен холестерол?

Read more

Фудбал

Аргентинците се радуваат: Меси во јануари се враќа на Монументал

Read more

Голема победа на фудбалерите до 17 години: Синот на Стевица Ристиќ ја тресна Унгарија

Read more

Лигата одлучи: На Ливерпул му бил ускратен пенал против Арсенал

Read more

Аријан Адеми: Леко е идеален тренер, со него Динамо ќе стане шампион

Read more

Спорт

Аргентинците се радуваат: Меси во јануари се враќа на Монументал

Читај повеќе

Дејмон Хил има решение за проблемите во Ферари: Хамилтон мора да биде возач број еден

Читај повеќе

Голема победа на фудбалерите до 17 години: Синот на Стевица Ристиќ ја тресна Унгарија

Читај повеќе
  • play_arrow

Лигата одлучи: На Ливерпул му бил ускратен пенал против Арсенал

Читај повеќе

Аријан Адеми: Леко е идеален тренер, со него Динамо ќе стане шампион

Читај повеќе
  • play_arrow

Ванда Нара го пријави Икарди во полиција дека ја удрил едната ќерка

Читај повеќе
  • play_arrow

Времеплов: Кога Финикс постигна 173 поени против Денвер без ниту една тројка

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас има редок бисер: Купер Флег го направи она што само Кевин Дурент го можеше

Читај повеќе
  • play_arrow

Диоманде стана незаменлив: 7 натпревари и исто толку победи за Реал Мадрид

Читај повеќе