ЛШ продолжува вечерва, апсолутното дерби на осминафиналето е пред нас

Откако синоќа беа одиграни првите четири натпревари од осминафиналето на Лигата на шампионите, уште поинтересна програма е закажана за вечерва кога се закажани преостанатите четири натпревари.

Апсолутното дерби на осминафиналето во уште една класика ќе го играат Реал Мадрид и Манчестер Сити, два клуба кои редовно се среќаваат во последните години во нокаут фазата на Лигата на шампионите и кои гарантираат спектакл.

Овојпат, Сити се смета за голем фаворит на двомечот, бидејќи Реал Мадрид е во криза со резултатите, но и во големи проблеми со повреди.

Килјан Мбапе, Џуд Белингам, Родриго, Едер Милитао, Давид Алаба, Дани Себаљос и Алваро Карерас нема да играат за Реал вечерва, а уште неколку играчи се под знак прашалник, па затоа е јасно колку проблеми ќе има мадридскиот тим, пред сè со составувањето на тимот.

Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити ќе се игра од 21 часот, кога и Бодо Глимт ќе го пречека Спортинг Лисабон, а потоа ќе се игра уште едно големо дерби помеѓу Пари Сен Жермен и Челси.

Дуелот помеѓу ПСЖ и Челси е дуел помеѓу актуелниот европски и актуелен светски шампион, а мала предност му се дава на ПСЖ пред овој дуел.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 433 (@433)

Интересно ќе биде и во првиот период од денешната програма кога Баер Леверкузен ќе го пречека Арсенал. „Топџиите“ сè уште се движат кон сите трофеи во кои учествуваат, а максималниот број бодови од лигашкиот дел од Лигата на шампионите му даваат оптимизам на Арсенал дека можат да го постигнат посакуваниот триумф вечерва.

Распоред на натпреварите:

18:45 Баер Леверкузен - Арсенал

21:00 Бодо Глимт - Спортинг

21:00 ПСЖ - Челси

21:00 Реал Мадрид - Манчестер Сити
 

Тагови
реклама

Фудбал

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Read more

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Read more

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Read more

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Read more

Спорт

  • play_arrow

Медведев оди понатаму во Шангај по дисквалификацијата во Пекинг

Читај повеќе

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Читај повеќе

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Читај повеќе

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Читај повеќе

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Читај повеќе

Барди: Ова не е крајот на нашата приказна, ќе се вратиме!

Читај повеќе

Актуелниот МВП во НБА стана косопственик на мадридски Атлетико

Читај повеќе

Се решава најголемиот правен преседан во фудбалот: Кој е шампион на Африка?

Читај повеќе

Џака осуден поради лажен ковид-сертификат, но нема да оди в затвор

Читај повеќе