Најстариот активен македонски клуб се поднови со ново лого оживувајќи го препознатливиот симбол од 60-тите години.
По примерот на многу клубови низ светот, а меѓу нив и плејада гиганти, тетовскиот клуб одлучи со модернизирана верзија да го користи логото од 60-тите години на минатиот век, кога Љуботен настапуваше низ лигите на поранешна Југославија.
Логото, иако едноставно, има многу оригиналност во него. „Минатото нѐ инспирира, иднината нѐ обединува“, објави клубот.
Љуботен е најстариот активен клуб во Македонија формиран на 28 март далечната 1919 година. Во годината кога ја славеше 100-годишнината, Љуботен беше примен во Клубот на пионери, кој го предводи англискиот Шефилд, најстариот клуб во светот.
За жал, најстариот македонски клуб со години е заглавен во третата лига каде лани заврши претпоследен.
Љуботен има и екипа во женски фудбал која 4-кратен шампион на Македонија и 3-кратен освојувач на Купот.