КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА ЖЕНСКА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2025/2026

Љуботен испиша историја во македонскиот женски фудбал

Филип Здравески
/ 03.08.2025 / 11:43

Македонскиот шампион Љуботен стана првата домашна екипа која минала квалификациско коло во Лигата на шампиони за жени откако на квалификацискиот турнир во Скопје ги сомле двата противника.

Фото: Филип Здравески (Кајгана)

Откако минатото лето стана прва македонска женска екипа која остварила победа во европско натпреварување, сезонава Љуботен отиде чекор понатаму. Прво во средата во полуфиналето со 4:1 го среди НСИ Рунавик, шампионот на Фарските Острови, иако губеше 0:1, а синоќа дојде до нова победа.

Remote video URL

Имено, вчера се играше финалниот натпревар на Турнирот 3 во рамките на првото квалификациско коло за пласман во Лигата на шампиони за жени на УЕФА. Тетовскиот клуб се соочи со Пјуник, шампион на Ерменија, и оствари убедлива победа од 4:0.

Почетокот не навестуваше таков резултат оти Ерменките притиснаа, но потоа Љуботен покажа дека сепак е поквалитетен тим и покрај тоа што играше без Улза Максути, репрезентативката на Македонија која се повреди на првиот натпревар.

Хероина на Љуботен беше Хава Мустафа, која ги постигна сите четири голови. Бидејќи даде гол и на првиот меч, со вкупно 5 таа е и на делба првото место на листата на најдобри стрелци во првото коло заедно со Кумба Зајнаб Брима од латвискиот шампион Рига.

Сите што настапија за македонскиот шампион оставија одличен впечаток, но мора да се издвои стоперот Милана Рахимова, репрезентативка на Азербејџан, која немаше загубен дуел и ниту еднаш не остави топка да помине крај неа. Иако со само 21 година, на терен делуваше како да е далеку поискусна.

Remote video URL

Љуботен сега го чека нов предизвик. Во второто квалификациско коло повторно ќе игра во Турнир 3, но сега тој ќе се игра во Белгија. таму во полуфиналето ќе има танталови маки бидејќи ќе се соочи со силниот шведски шампион Русенгорд од Малме. Натпреварот ќе се игра на 27 август. Победникот во финалниот меч ќе игра против подобриот од дуелот на домаќинот Левен со босанскиот СФК 2000. Поразените исто така ќе играат натпревар, за трето место.

Квалификациите завршуваат со третото коло каде се игра плеј-оф двомеч во септември по кој ќе се добијат сите учесници во лигашката фаза која брои 18 екипи.

реклама

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Read more

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Read more

Непријатни несакани ефекти што астронаутите на Artemis II ќе ги доживеат на Земјата

Read more

Фудбал

ФИФА ги назначи судиите за Светското првенство

Read more

Што се случува во шпанскиот фудбал? Реал бара реформи 

Read more

Хонда се враќа на теренот на 39 години

Read more

Роберт Левандовски бесплатно во Милан?

Read more
 

Спорт

ФИФА ги назначи судиите за Светското првенство

Читај повеќе
  • play_arrow

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Читај повеќе

Што се случува во шпанскиот фудбал? Реал бара реформи 

Читај повеќе

Хонда се враќа на теренот на 39 години

Читај повеќе

Роберт Левандовски бесплатно во Милан?

Читај повеќе

Барселона пред испаѓање, Јамал верува во чудо 

Читај повеќе

Објавен списокот на фудбалерки за двете пресметки со Унгарките

Читај повеќе
  • play_arrow

Слот откри зошто Салах не одигра ниту една минута против ПСЖ

Читај повеќе

Клучниот човек на Верстапен потпиша за Мекларен

Читај повеќе