Луис Енрике: Арсенал се најдобри во светот кога играат без топка

Макфакс/Кајгана
/ 21.05.2026 / 11:08

Одбројувањето до кулминацијата на сезоната започна – финалето на Лигата на шампионите ќе се одигра на 30 мај на „Пушкаш“ арената, во Будимпешта.

Тренерот на новиот/стариот шампион на Франција и новиот/стариот финалист на Лигата на шампионите, Пари Сен-Жермен, Луис Енрике, разговараше со новинарите десет дена пред натпреварот на сезоната, за предизвикот наречен Арсенал.

На прашањето каков ефект врз играта на Арсенал ќе има фактот дека станаа шампиони на Англија, Енрике одговори:

„Никој не знае. Заслужија да ја освојат титулата, имаа неверојатна сезона. Имаме искуство против Арсенал и Микел Артета, ја знаеме нивната способност да играат со и без топка. Тие се најдобриот тим во светот во играта без топка. Тоа е многу привлечна комбинација. Ако не примите гол, а постигнете гол, тоа е фантастично. Ќе биде тешко финале, два тима ќе влезат со различен пристап. Може да биде одлично финале.“

Шпанскиот стратег зборуваше во суперлативи за работата на Артета во сите претходни години на клупата на Арсенал. Тврди дека неговиот сонародник го вратил победничкиот менталитет во тимот.

„Тој го донесе тој победнички менталитет во Арсенал. 'Топчиите' напредуваат под негово водство веќе неколку сезони. Многу се добри со топката. Не секогаш имавме посед против нив. Без топката, тие се најдобриот тим во Европа. Тие се шампиони на Англија. Не стигнаа до финалето минатата година затоа што ги елиминиравме. Артета е одличен тренер. Беше во многу добра позиција да учи со Пеп Гуардиола во Манчестер Сити. Она што го всадува е натпреварувачки дух и тие се одличен противник. Го познавав како играч во Барселона пред да оди во ПСЖ. Нивната статистика е неверојатна. Игравме против нив три пати“.

Артета како играч ја мина сезона и пол на позајмица од Барса токму во ПСЖ (втората половина од 2000/2001 и цела 2001/2002). Одигра вкупно 53 натпревари и постигна 5 гола (во сите натпреварувања).

Енрике очекува спектакл од финалето.

„Ќе биде возбудливо финале. Едвај чекаме да го играме. Бев таму последниот пат кога загубија, како навивач на Барса, со мојот син. Беше добро затоа што Барса победи (се насмевнува). Се надевам дека ќе победиме, но ќе биде тежок натпревар. Ќе ја имаме поддршката од нашите навивачи, тие се неверојатни. Ќе имаме предност затоа што се неверојатни. Ќе се обидеме да покажеме колку е одличен фудбалот.“

реклама

Нуркачи конечно го најдоа римскиот мост стар 1.700 години во Швајцарија  

Read more

Почнува со емитување каналот Арена спорт Македонија

Read more

Неделен хороскоп од 8 до 14 јуни за секој знак

Read more

Куба ја погоди најсилен земјотрес во последните 70 години, тресеше и на Флорида

Read more

Фудбал

Колку ќе заработат судиите на Светското првенство?

Read more

Безбедносен трилер зад кулисите: Фудбалерите на Сенегал и Узбекистан претресувани како криминалци

Read more

САД не му дозволи влез на најдобриот африкански судија, ФИФА немоќна

Read more

Бразилец ќе суди на отворањето на Светско

Read more

Спорт

  • play_arrow

Почнува со емитување каналот Арена спорт Македонија

Читај повеќе

Колку ќе заработат судиите на Светското првенство?

Читај повеќе

Преседан на ИХФ: Мундијалска вајлд карта за Турција и Саудиска Арабија

Читај повеќе

Безбедносен трилер зад кулисите: Фудбалерите на Сенегал и Узбекистан претресувани како криминалци

Читај повеќе

САД не му дозволи влез на најдобриот африкански судија, ФИФА немоќна

Читај повеќе

Бразилец ќе суди на отворањето на Светско

Читај повеќе

Гросо е нов тренер на Фиорентина

Читај повеќе
  • play_arrow

Вемби ги предводеше Спарс до победа над Никс и ја намали разликата во финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Џака повторно го покажа албанскиот симбол за кој ФИФА го казни

Читај повеќе