зимски трансфери 2026

Македонец ќе игра фудбал во Јордан

Филип Здравески
/ 10.01.2026 / 12:09

Крилниот напаѓач на Тиквеш, Иван Ивановски, направи трансфер во трикратниот шампион на Јордан, Ал-Рамта.

Фото: ГФК Тиквеш Кавадарци

Кавадаречкиот клуб остана без еден од своите најдобри играчи кој одлучи по вторпат во кариерата да се проба во странство. 30-годишниот Ивановски замина за Јордан каде ќе настапува за тимот на Ал-Рамта, кој се бори за шампионската титула, пренесува порталот Спортспорт.

„Ивановски сам одлучи да си замине, замоли бидејќи доби понуда од странство и ние како клуб му излеговме во пресрет и му дозволивме да ја продолжи кариерата“, изјави тренерот на Тиквеш, Борче Христов, за КТВ.

Ивановски во Тиквеш се врати летоска по година и пол мината во Гостивар. И претходно во два наврата беше дел од Тиквеш, а две години играше и за Силекс, како и за скопските Вардар и Металург, но и за Вардар од неговиот роден град Неготино. Во сезоната 2017/2018 прв пат се проба интернационално кога настапуваше за Звијезда од Градачац во лигата на Босна и Херцеговина.

Сезонава во дресот на Тиквеш одигра 15 натпревари во првата лига и постигна 6 голови додавајќи 3 асистенции.

Ал-Рамта моментално е на второто место во јорданската Про лига со бод заостанување за лидерот Ал-Фајсали. Две ремија во последните две кола го тргнаа новиот клуб на Ивановски од врвот. Досега има 3 титули шампион на Јордан, 2 во Купот и 3 во Суперкупот. Тренер на тимот е црногорскиот стратег Миљан Радовиќ, кој во сезоната 2023/2024 ја предводеше Воска Спорт од Охрид.

Инаку, репрезентацијата на Јордан ќе игра на Мундијалот 2026 во Канада, САД и Мексико откако преку азиските квалификации се избори за историско деби на светскиот собир на ФИФА. Сите репрезентативци на Јордан доаѓаат од нивната Про лига.

реклама

10.10 е магичен датум за три хороскопски знаци 

Read more

Рецепт за највкусната салата од зелка

Read more

Што ви се случува во телото ако не испиете чаша вода наутро?

Read more

Starlink доаѓа на мобилните телефони: Илон Маск го купи делот од сложувалката што недостасуваше 

Read more

Фудбал

Зошто некои фудбалери на Баерн носат фластери на ушите?

Read more

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Read more

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Read more

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Read more

Спорт

  • filter

Зошто некои фудбалери на Баерн носат фластери на ушите?

Читај повеќе
  • play_arrow

Медведев оди понатаму во Шангај по дисквалификацијата во Пекинг

Читај повеќе

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Читај повеќе

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Читај повеќе

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Читај повеќе

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Читај повеќе

Барди: Ова не е крајот на нашата приказна, ќе се вратиме!

Читај повеќе

Актуелниот МВП во НБА стана косопственик на мадридски Атлетико

Читај повеќе

Се решава најголемиот правен преседан во фудбалот: Кој е шампион на Африка?

Читај повеќе