Македонската судијка Пројковска ќе суди полуфинале на Копа Америка

Филип Здравески
/ 28.07.2025 / 15:59

Најдобрата македонска жена фудбалски судија доби голема чест - ќе ја дели правдата на полуфинален натпревар од 10-тото издание на Копа Америка за жени.

Пројковска (во средина) со помошничките Фернандес (лево) и Темпестили (десно)

Ивана Пројковска доцна вечер од 2:00 часот по полноќ по македонско време ќе го суди натпреварот помеѓу Аргентина и Колумбија, кој ќе го даде првиот финалист на Копа Америка 2025. Мечот се игра на стадионот „Родриго Пас Делгадо“ во Кито, главниот град на Еквадор. Ќе може да се гледа во живо на YouTube каналот на првенството: https://www.youtube.com/@CopaAmerica/streams.

Македонската судијка од почетокот е дел од јужноамериканскиот континентален собир и веќе ги судеше дуелите Перу - Еквадор (1:3), Венецуела - Боливија (7:1) и Чиле - Уругвај (0:3). На Копа Америка се најде благодарение на соработката помеѓу УЕФА и КОНМЕБОЛ во која е вклучена размена на судијки. Така, бразилската судијка Еџина Алвис Бачиста го судеше полуфиналето на штотуку завршеното ЕУРО за жени меѓу Германија и Шпанија.

На Пројковска ќе ѝ помагаат Италијанката Џулиа Темпестили и Шпанката Ирагартсе Фернандес, кои исто така се дел од соработката за размена.

Победникот од Аргентина - Колумбија во големото финале ќе игра со победникот од вториот полуфинален дуел во кој се среќаваат Бразил и Уругвај.

Бразил е бранител на пехарот и со 8 титули е најтрофејна нација на Копа Америка. Само Аргентина во 2006 успеа да откине една титула, а на сите останати изданија триумфираа Бразилките.

реклама

Мохамед бин Салман ја одби понудата на Нетанјаху Израел да се бори против Хутите во Јемен

Read more

Меси одбра 10 таленти што ќе ја одбележат иднината на фудбалот

Read more

Германија, Италија и Белгија бараат право да ги блокираат регулативите на ЕУ

Read more

Дали Ел Нињо ќе донесе „суперзима“ во Европа?

Read more

Фудбал

13 октомври во македонскиот фудбал: Историја во Крањ и бламажа во Андора

Read more

Швајцарците ќе градат стадион каков што светот досега нема видено

Read more

Меси одбра 10 таленти што ќе ја одбележат иднината на фудбалот

Read more

Венеција конечно го загуби трпението: Отпуштен Стропа - единствениот тренер без освоен бод

Read more

Спорт

  • play_arrow

13 октомври во македонскиот фудбал: Историја во Крањ и бламажа во Андора

Читај повеќе

Швајцарците ќе градат стадион каков што светот досега нема видено

Читај повеќе

Меси одбра 10 таленти што ќе ја одбележат иднината на фудбалот

Читај повеќе

Венеција конечно го загуби трпението: Отпуштен Стропа - единствениот тренер без освоен бод

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Формула 1 се враќа во Африка по 40 години

Читај повеќе

Нов потрес во врвот на ФИФА: The Times откри дека недостасуваат милиони во извештаите

Читај повеќе

Ракометна бомба: Дали Емил Нилсен го напушта Веспрем?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Јокиќ и Нагетс во нови бои: Денвер претстави ретро-дресови и специјален дизајн на паркетот

Читај повеќе
  • play_arrow

Карвахал официјално во Хетафе: Надминат проблемот со платата

Читај повеќе