Македонската фудбалска репрезентација заедно со спортските новинари кои ја придружуваа во Босна и Херцеговина и Турција денеска требаше да се врати од Истанбул со чартер лет.
Авионот што требаше да слета во 13:00 часот во Скопје, по само дваесетина минути лет од Истанбул се вратил од местото каде што полетал поради проблеми.
Се работи за дефект на сензорите за брзина и се чини дека фудбалерите и останатите патници ќе треба да чекаат друг авион, известува спортскиот новинар на Kajgana.com, Филип Здравески, кој патува со фудбалската делегација.
Дел од фудбалерите од македонската репрезентација не се на летот бидејќи се враќаат по клубовите каде што играат.