Манчестер Јунајтед има повеќе порази по Фергусон отколку за 27 години со него

Макфакс/Кајгана
/ 14.04.2025 / 20:21

Вчера англискиот великан Манчестер Јунајтед доживеа уше еден тежок пораз. „Црвените ѓаволи“ беа понижени на гостувањето кај Њукасл со 4:1 и по 14-тиот пораз во сезоната се 14-тото место на табелата.

Последен пат Јунајтед во сезоната 1989/1990 имаше повеќе порази, 16 во 38 натпревари. До крајот на тековната сезона остануваат уште 6 кола, па има време за подобрување и на овој рекорд.

„Нема ништо полошо од губење на натпревари. Немам намера да се бранам или нешто слично. Ако ја погледнете табелата, таа кажува сѐ. Да изгубите натпревар е најтешкиот дел од оваа работа. Да се фокусираме на четврток (реванш четвртфиналето со Лион). Четврток е многу важен“, рече тренерот на Јунајтед, Рубен Аморим.

Поразот на „Сент Џејмс Парк“ откри еден неверојатен податок. Манчестер Јунајтед има повеќе порази во ерата по Сер Алекс Фергусон отколку што доживеа во текот на целиот мандат на славниот Шкотланѓанец.

Дејвид Мојс, Луи ван Хал, Жозе Мурињо, Оле Гунар Солскјер, Ралф Рангник, Ерик тен Хаг и сега Рубен Аморим претрпеа 115 порази со Јунајтед во 450 натпревари.

Сер Фергусон на 810 натпревари како тренер на „Црвените ѓаволи“ претрпе вкупно 114.

Во четврток Јунајтед го пречекува Лион, по 2:2 на првата средба во Франција.

реклама

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more

Додик по обидот да биде уапсен: Србите нема да одат во војна - но вие обидете се

Read more

Mercedes-Benz од 2026 година ќе започне со производство на автомобил со drive-by-wire систем

Read more

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Read more

Фудбал

Вардар со службен резултат ја доби Воска, четири високи казни за инцидентите по мечот Струга - Гостивар

Read more

Модриќ доби 30-дневен договор со Реал

Read more

Вардар и Струга ќе играат во финалето на Купот на Македонија

Read more

Интер во една недела игра против Милан, Рома и Барселона

Read more
 

Спорт

Јокиќ остана со празни раце

Читај повеќе

Вардар со службен резултат ја доби Воска, четири високи казни за инцидентите по мечот Струга - Гостивар

Читај повеќе

Модриќ доби 30-дневен договор со Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Вардар и Струга ќе играат во финалето на Купот на Македонија

Читај повеќе

Интер во една недела игра против Милан, Рома и Барселона

Читај повеќе

Зошто поранешните пријатели и соиграчи се игнорираат еден со друг?

Читај повеќе

Конор Мекгрегор откри под кој услов повторно би се борел

Читај повеќе

Се менуваат три правила во нокаут фазата во ЛШ?

Читај повеќе

Консејсаун: За Интер не ни треба дополнителна мотивација

Читај повеќе