Мбапе онлајн се расправа со парагвајска сенаторка која го нарече арогантен Камерунец кој се преправа дека е Французин

Капитенот на Франција, Килјан Мбапе, ги осуди расистичките коментари на парагвајската сенаторка Селесте Амариља по поразот на Парагвај од „Ле Блу“ во осминафиналето на Светското првенство.

Избраниците на Дидје Дешан се пласираа во четвртфиналето откако едвај победија со 1:0 благодарение на гол од пенал против јужноамериканската репрезентација пред три дена во Филаделфија. Единствениот гол на натпреварот го постигна Мбапе во 70-тата минута, но дуелот беше обележан со низа подли и неспортски постапки на Парагвајците, кои, некако, не беа јавно осудени.

Амариља, сенаторка од Partido Liberal Radical Auténtico (Автентична либерално радикална партија), по натпреварот објави серија расистички коментари на платформата X. Објавата потоа ја избриша, а во ен аимаше делови како „колонизиран Камерунец што се преправа дека е Французин“ и „најобразованите суштества што некогаш ги слушал биле шимпанзата“.

Мбапе одговори на социјалните мрежи, нарекувајќи ја Амариља „одвратна жена“ која е „недостојна“ да служи во парагвајскиот Конгрес.

„Госпоѓо Амариља, вие сте ужасна жена и недостојна за вашата позиција. Вие не го претставувате Парагвај, земја која страсно и чесно се потеше и се пробиваше низ Светското првенство. Поради вашата неодговорност и отворен расизам, целиот свет веќе го заборави патот и историскиот успех што парагвајските фудбалери го постигнаа на ова Светско првенство и наместо тоа се сеќава на грдата порака на жена која ја испраќа најгрдата слика за својата земја. Никогаш нема да дозволам луѓе како вас да имаат слобода да ја шират својата омраза и расизам низ целиот свет“, напиша Мбапе.

Парагвајската влада во понеделникот издаде соопштение во кое ги осудува коментарите на Амариља како „спротивни на вредностите и принципите што инспирираат мирен соживот и почитување на човековото достоинство што Парагвај го промовира“. Француската фудбалска федерација (ФФФ), исто така, остро ги осуди расистичките коментари на Амариља.

„Ваквите изјави претставуваат кривично дело и заслужуваат осуда. Тие мора да бидат гонети, и во Франција и насекаде во светот. ФФФ ќе поднесе жалба до надлежното обвинителство со цел да се покрене законска постапка. ФФФ им дава целосна поддршка на својот капитен, на сите играчи на репрезентацијата и на сите жртви на ваквите одвратни изјави. Повеќе од кога било, ФФФ останува посветена на борбата против расизмот и сите форми на дискриминација“, се вели во соопштението на ФФФ.

Парагвајската сенаторка потоа објави отворено писмо на француски и шпански јазик до Мбапе на социјалните мрежи, велејќи дека нејзиниот проблем е со играчот, а не со Франција. Напиша дека жали што го навредила Мбапе со „истите навреди“ што ги добила како личност од мешана раса (потеклото ѝ е баскиско и еврејско) и дека ја избришала својата објава. Амариља додаде дека бара извинување од Мбапе за коментарите што ги дал.

„Моите објави беа напишани во време кога ми вриеше крвта додека ве гледав како ги исмејувате исклучителните парагвајски играчи кои се бореа со вас под рамноправни услови до последниот свиреж. Сепак, веднаш се покајав што ви одговорив со истите навреди што ги добив. Сфаќам дека покажав однесување кое самата го презирам и затоа го избришав постот. Разбирам дека моите зборови ве навредија, бидејќи понижувањето боли. Сега инсистирам и вие да ги повлечете вашите зборови и да ми се извините. Нема да ги толерирам вашите навреди. Не ме познавате. Немате поим која сум и немате право да кажете дека сум одвратна жена недостојна за мојата функција. Јас сум сенаторка на парагвајскиот народ, избрана од народот. Пред тоа бев член на парламентот, исто така избрана од народот. Илјадници парагвајски мажи и жени гласаа за мене и ме сметаат за свој глас. Мојата примарна одговорност е да зборувам во име на парагвајскиот народ, да го кажам она што тие не можат да го кажат и да ја бранам мојата земја со мојот живот доколку е потребно.

Ја претставувам мојата земја затоа што бев слободно избрана. Бев избрана на демократски избори за да помогнам во донесувањето закони и да бидам неговиот глас. Немате поим што значи да бидете избрани да ја браните вашата земја и да го претставувате нејзиниот народ. Кој сте вие ​​да ме нарекувате недостојна или одвратна кога дури и не ме познавате? Ова е очигледно насилство на полова основа. Ова е политичко насилство врз жена која ја добила својата позиција преку демократското гласање на својот народ. Ме презирате поради мојот пол. Ме навредувате затоа што сум жена. Го нарушувате моето достоинство како жена и како политички претставник. Повлечете ги вашите зборови, почитувајте го вашето француско државјанство и извинете се. Во спротивно, може да поднесам тужба за насилство на полова основа“, напиша таа.

реклама

Од 20 јули конечно доаѓа финансискиот успех за 3 хороскопски знаци

Read more

Немоќната Аргентина на срамен начин се збогуваше со титулата

Read more

Нејмар се почести со подарок од 20 милиони евра

Read more

Скалони се расплака и го прекина пресот: Душата ме боли, простете ми

Read more

Фудбал

Конечен пласман на Мундијалот: Историски успех за Норвешка, бламажа за Бразил и Чешка

Read more

Немоќната Аргентина на срамен начин се збогуваше со титулата

Read more

Нејмар се почести со подарок од 20 милиони евра

Read more

Шпанија со освојувањето на Светското сруши 4 Гинисови рекорди

Read more

Спорт

Конечен пласман на Мундијалот: Историски успех за Норвешка, бламажа за Бразил и Чешка

Читај повеќе
  • play_arrow

Немоќната Аргентина на срамен начин се збогуваше со титулата

Читај повеќе
  • play_arrow

Нејмар се почести со подарок од 20 милиони евра

Читај повеќе

ТФТ, Маџари и Чаир не добија лиценца за настап во новата сезона

Читај повеќе

Шпанија со освојувањето на Светското сруши 4 Гинисови рекорди

Читај повеќе

Де ла Фуенте не ги криеше емоциите: Погорд сум од кога било во мојот живот, ова е генерација за вечност

Читај повеќе
  • play_arrow

Скалони се расплака и го прекина пресот: Душата ме боли, простете ми

Читај повеќе
  • play_arrow

Отаменди ги нападна поранешните соиграчи: Цела недела кукавте, двајцата…

Читај повеќе
  • play_arrow

Родри: Најтежок турнир, ги срушивме сите рекорди, а животот ги наградува храбрите

Читај повеќе