Мбапе удри по тренерот: Ми рече дека сум четврти напаѓач; Арбелоа: Не е вистина

Реал Мадрид синоќа го победи Овиедо со 2:0 со головите на Гонсало Гарсиа и Џуд Белингам, но и покрај победата, атмосферата на трибините беше далеку од идеална.

Првиот натпревар пред домашните навивачи по турбулентна недела беше обележан со тензии во клубот, а особено на удар се најде Килјан Мбапе, бидејќи беше пречекан со исвиркувања по враќањето на теренот по повредата.

Навивачите на мадридскиот не му простија што замина за Италија за време на рехабилитацијата, сметајќи дека требало да остане со тимот во време на криза. Незадоволство може да се чуе и кон некои други играчи, што доволно зборува за нервозата што моментално владее околу клубот.

По натпреварот ситуацијата дополнително ескалираше кога Мбапе изјави дека имал дозвола од клубот да патува во Италија, но и дека тренерот Алваро Арбелоа му ставил дознаење дека во моментов е само четврта опција во нападот на Реал.

„Не му кажав дека е четврти напаѓач и очигледно не разбра што се обидував да кажам. Додека седам на оваа клупа, јас донесувам одлуки за тоа кој ќе игра. Не ме интересира дали на некого му се допаѓа или не, или како се вика тој играч. Ако не му се допаѓа, може да почека друг тренер“, рече Арбелоа.

Тренерот на Реал потоа се обиде дополнително да ја објасни својата изјава.

„Би сакал да имам четири врвни напаѓачи, но во моментов ги немам. Не му кажав дека е четврта опција во тимот. Веројатно погрешно ги протолкува моите зборови, не знам што друго да кажам.“

Кога беше прашан за незадоволството и коментарите на Мбапе по натпреварот, Арбелоа не беше спремен да го омекне својот став.

„Ако не сум го ставил во игра, тогаш е јасно дека не можел да игра. Јас сум тренер и моја е одлуката кој ќе биде на теренот. Пред само четири дена не можеше ниту да седи на клупата, а овој натпревар не беше финалниот во сезоната. Ќе биде прв напаѓач, веќе му го кажав тоа, но сега немаше причина да се ризикува. Имаме уште еден натпревар за три дена и беше најмудро да бидеме внимателни.“

Тој исто така објасни што навистина мислел кога зборувал за хиерархијата во тимот.

„Не ја слушнав неговата целосна изјава, но ако зборувал за распределбата на улогите во тимот, тогаш разбирам зошто го кажал тоа. Во првиот дел од сезоната некои играчи постигнаа повеќе голови и тоа е факт.“

Кога беше прашан дали односите меѓу двајцата се затегнати, тренерот на Реал Мадрид беше краток.

„Не. Мислев дека играч кој пред четири дена не можеше ниту да биде меѓу резервите не треба веднаш да игра ваков натпревар. Гонсало заслужуваше шанса. Додека јас сум тренер, јас одлучувам кој ќе игра, без оглед на името и статусот“.

Арбелоа, исто така, призна дека честопати се соочувал со слични ситуации претходно.

„Ова не е прв пат. Сум доживеал вакви работи со многу играчи во текот на мојата кариера. Сосема сум смирен бидејќи знам дека донесов одлука што беше најдобра за тимот. Не ми пречи кога некој не се согласува со мене“.

Стратегот на Реал Мадрид, исто така, ја коментираше реакцијата на публиката на Мбапе и Винисиус.

„Секогаш сакам навивачите да ги поддржуваат играчите. Сигурен сум дека повторно ќе ги бодрат бидејќи се многу важни за иднината на клубот. Аплаузот ќе се врати.“

Меѓу редови, Арбелоа исто така навести дека верува оти некои играчи не покажуваат доволно благодарност кон клубот и тренерот.

„Никогаш не го очекувам од играчите она што сум го давал во текот на мојата кариера. Знам како размислуваат фудбалерите, особено оние со големи амбиции и силно его. Ја разбирам нивната фрустрација, но не би променил ништо во начинот на кој сум постапувалч или сум ги бранел.“

На крајот одговори и на прашањето дали мисли дека е достоен за работата да го води Реал во ваков турбулентен момент.

„Никој не може да биде целосно опуштен кога работи во Реал Мадрид. Очекувањата се огромни, а зад нас имаме уште една сезона без трофеј, што го зголемува притисокот. Имаме голема одговорност и мора да се обидеме да ја завршиме сезоната на најдобар можен начин. Навивачите заслужуваат тимот да го даде својот максимум“, заклучи Арбелоа.

реклама

Животот се менува на подобро за 3 хороскопски знаци до крајот на јуни

Read more

Каде ќе биде најтопло морето во Грција до крајот на јуни?

Read more

Колку време му треба на црниот дроб да се опорави од алкохол?

Read more

Флорентино Перес победи на претседателските избори во Реал и објави: Жозе Мурињо е наш нов тренер

Read more

Фудбал

Робин ван Перси доби отказ

Read more

Флорентино Перес победи на претседателските избори во Реал и објави: Жозе Мурињо е наш нов тренер

Read more

Два клуба од Премиер лигата во трка да го потпишат најскапиот Италијанец во историјата

Read more

Бразил без Нејмар посилен од Египет, Аргентина победи без Меси

Read more

Спорт

Робин ван Перси доби отказ

Читај повеќе
  • play_arrow

Флорентино Перес победи на претседателските избори во Реал и објави: Жозе Мурињо е наш нов тренер

Читај повеќе

Два клуба од Премиер лигата во трка да го потпишат најскапиот Италијанец во историјата

Читај повеќе

Бразил без Нејмар посилен од Египет, Аргентина победи без Меси

Читај повеќе

Како навивачите на Светско ќе може да внесат вода за пиење на трибини?

Читај повеќе

Леао сака да го напушти Милан што е можно поскоро

Читај повеќе
  • play_arrow

Ремек-делото на Арда Ѓулер е гол на сезоната во Шпанија

Читај повеќе

ФИФА ги забрани вувузелите, но и пластичните шишиња со вода на трибините на Светско

Читај повеќе

ФФМ останува на своето: Ако спонзорот на Шкендија сака да се повлече, тоа е нивна одлука и ќе ја почитуваме

Читај повеќе