млс 2025

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Лионел Меси успеа и во Соединетите Американски Држави! Го предводеше својот Интер Мајами до историска, прва титула во МЛС шампионатот (најсилната лига во северноамериканскиот фудбал што ги вклучува САД и Канада).

Фудбалерите на Интер Мајами го победија Ванкувер Вајткепс со 3:1 во финалето синоча и со тоа ја освоија првата титула во историјата на франшизата.

Интер Мајами поведе во финалето кое се играше на стадионот „Чејс“ во Форт Лодердејл со автогол на Едиор Окампо во 8. минута и тоа беше резултатот од првото полувреме.

Но, работите се вратија во нормала со гол за 1:1 во 60-тата минута, на разочарување на повеќето домашни навивачи во Флорида.

Сепак, клучниот момент се случи во 71. минута кога Родриго Де Пол ја искористи асистенцијата на Лионел Меси и му донесе победа и титула на Интер Мајами.

Самиот Меси ја одзеде топката од противниците, асистираше во просторот со додавање до Де Пол, а поранешната ѕвезда на Атлетико Мадрид рутински ја погоди мрежата на Канаѓаните.

Конечниот резултат го постави Тадио Аљенде длабоко во судиското продолжение, по уште една одлична асистенција од Меси.

Remote video URL

Така, Интер Мајами ја освои првата шампионска титула во историјата на МЛС. На патот до финалето Интер Мајами ги елиминираше Нешвил (2:1), Синсинати (4:0) и Њујорк Сити (5:1). Регуларниот дел од првенството го заврши на 4. место во Источната конференција со 65 бодови, исто колку и второпласираниот Синсинати, а само еден помалку од лидерот Филаделфија Јунион.

До титулата го водеа големи ѕвезди кои пристигнаа од Европа, имено Лионел Меси, Луис Суарес, Жорди Алба, Серхио Бускетс и Родриго Де Пол.

Тимот го предводи уште еден познат Аргентинец, Хавиер Масчерано, а еден од сопствениците е Дејвид Бекам. Да нагласиме и дека ова беше последниот натпревар во кариерата на Жорди Алба, а се збогува со фудбалот со трофеј.

Што се однесува до самата МЛС, најтрофејниот тим со 6 титули е Лос Анџелес Галакси, по што следуваат ДиСи Јунајтед со 4 и Колумбус Кру со 3. Интер Мајами стана 16-тиот тим со шампионски трофеј во МЛС.

Интер Мајами - Ванкувер Вајткепс 3:1
8' (аг) Едиор Окампо, 71' Родриго Де Пол, 90'+6 Тадио Аљенде - 60' Али Ахмед

реклама

Шокантни сцени: Најголемото вештачко езеро во САД на најниско ниво досега

Read more

Колку долго јајцата можат да се остават надвор од фрижидер?

Read more

Детали за несреќата во Радишани: Возачот што избега му го пресекол патот на младиот мотоциклист кој загина

Read more

Играч спречи контра напад и предизвика сообраќајка

Read more

Фудбал

Играч спречи контра напад и предизвика сообраќајка

Read more

Војната продолжува: ФИФА жестоко одговори на критичарите на Инфантино

Read more

Мурињо практикува строгост во Реал: Едно правило спротивно на желбите на Мбапе

Read more

Бомбата што никој не ја очекуваше: Ливерпул го потпиша капитенот на Барселона

Read more

Спорт

  • play_arrow

Играч спречи контра напад и предизвика сообраќајка

Читај повеќе

Поранешни НБА играчи сакаат да играат во ВНБА, комесарот реагира итно

Читај повеќе

Војната продолжува: ФИФА жестоко одговори на критичарите на Инфантино

Читај повеќе

Мурињо практикува строгост во Реал: Едно правило спротивно на желбите на Мбапе

Читај повеќе

Бомбата што никој не ја очекуваше: Ливерпул го потпиша капитенот на Барселона

Читај повеќе

Винисиус го продолжи договорот со Реал

Читај повеќе

Тајните на ФБИ од СП го шокираа светот: Влегувам на стадионот за да го разнесам Меси со 4 бомби

Читај повеќе

Откажан натпреварот на Барса во Мароко поради мигрантската криза

Читај повеќе

Инфантино доби поддршка од Африка, Аргентина и Мексико

Читај повеќе