Милан и Јувентус, во нестварен расплет, останаа без пласман во Лигата на шампионите. Место во елитата прв пат во историјата избори Комо. Во борбата за опстанок, најлошо мина Кремонезе. Екипата од Кремона испадна заедно со Верона и Пиза.
Комо, предводен од клупата од Сеск Фабрегас, ја круниса неверојатната сезона со победа од 4:1 над Кремонезе, го исфрли ривалот од Серија А и во исто време си обезбеди место во Лигата на шампионите.
Двете екипи во мечот влегоа со императив победа, но Комо покажа моќ Поведе пред паузата преку Хесус Родригес, неколку минути во вториот дек Анастасиос Дувикас го дуплираше водството.
Кремонезе се врати во игра со гол од пенал на Федерико Бонацоли, а потоа доби три директни црвени картони поради протест кога Комо доби удар од белата точка. Два од нив беа на играчи од клупата. Лукаш Да Куња го реализираше за 1:3, а истиот играч потоа ги постави конечните 1:4.
Таму нема да бидат гигантите, два од трите најтрофејни клубови на Чизмата, Милан и Јувентус, кои на крајот од сезоната, со очајни игри и резултати, испаднаа од трката.
Милан беше шокантно поразен дома од Каљари со 1:2 во натпревар во кој на „Росонерите“ им беше потребна победа за пласман во Лигата на шампионите.
Играчите на Масимилиано Алегри не беа способни за тоа, иако поведоа со голот на Алексис Салемакерс.
Шокантниот пресврт на тимот од Сардинија го режираа Џенаро Борели и Хуан Родригес.
Италијанските медиуми веќе најавуваат бурни денови во Милано и отпуштања што ќе започнат врвот на клубот.
Натпреварот помеѓу Торино и Јувентус започна со еден час доцнење поради инциденти од страна на навивачите. Пред стадионот дошлка до тепачка во која подебелиот крај го извлекле навивачите на „Бјанконерите“, а еден навивач бил хоспитализиран поради сериозни повреду, но вон животна опасност. Навивачите на Јуве побараа од играчите да не го играат бнатпреварот, а потоа во знак на револт си заминаа од стадионот „Гранде Торино“.
Јуве водеше со 2:0 со головите на Душан Влаховиќ, но Торино освои бод, откако по гол постигнаа Чезаре Казадеи и Че Адамс.
Покрај Интер, Наполи и Комо, следната сезона во Лигата на шампионите ќе игра и Рома.
Избраниците на Џан Пјеро Гасперини имаа лесна задача против претпоследниот тим на табелата испаднатата Верона, и тоа го направија рутински – победувајќи со 2:0 со головите на Дониел Мален и Стефан Ел Шаарауи.
Тоа беше последниот гол за Фараонот во дресот на „Волчицата“, бидејќи неодамна го објави своето заминување по речиси една деценија во клубот.
Римјаните најдобро ја темпираа својата форма пред финишот, предводени од Мален, забележаа 5 победи и ја постигнаа својата цел под водство на тренерскиот гениј Гасперини.
Во Лига Европа место обезбедија Милан и Јувентус, додека во Конференциската лига ќе игра Аталанта.
Во Серија Би се селат Пиза, Верона и Кремонезе, додека нови прволигаши се Венеција и Фрозиноне, како и победникот од бараж дуелот меѓу Монца и Катанцаро.
Конечна табела: