Милевски генерално задоволен од нулата со Латвија: Играчите ја оправдаа довербата

Филип Здравески
/ 14.11.2025 / 10:05

Македонската репрезентација синоќа разочара играјќи без голови на пријателската со Латвија, но селекторот Благоја Милевски е задоволен од изданието на фудбалерите.

Милан Ристовски во дуел со Даниелс Балодис; Матејчо

„Сè што си поставивме како цел за овој натпревар, освен победата, беше исполнето. Сакав да видам како ќе изгледа екипата во нова формација, со нови тактички задачи и во ситуации на кои досега не сме работеле. Од таа перспектива сум навистина задоволен. Жал ми е што условите за игра не беа подобри. Се надевам дека наскоро ќе се направат напори да играме на поквалитетен терен, за да бидеме поефикасни во завршницата. Во тие последни моменти, во третата фаза од нападот, кога противникот е поставен во густ блок, потребно е прецизно завршно додавање, а денес против Латвија тоа го немавме. И покрај тоа, создадовме неколку шанси, но не успеавме да ги реализираме. Честитки за двата тима, и за Македонија и за Латвија. Задоволен сум, сите фудбалери, без разлика дали се стандардни или влегуваат од клупа, ја оправдаа довербата. Тоа ми дава сигурност дека можам да сметам на секој од нив“, изјави селекторот.

Ова беше прв пат Македонија да не ја победи Латвија оти во претходните пет натпревари имаше забележано исто толку победи, со што и против оваа репрезентација го расипа 100-процентниот скор (во октомври го расипа и со Казахстан).

Следниот предизвик за „Рисовите“ е Велс на гости, последен меч од квалификациите за пласман на Мундијалот 2026 и директна битка за второто место кое води во баражот. Се игра во вторник од 20:45 часот во Кардиф.

реклама

Отстранет првиот билборд од Железничката станица Скопје

Read more

Келог: Мировниот договор за Украина е многу близу, клучни остануваат Донбас и Запорожје

Read more

Ландо Норис ја освои титулата во Формула 1 за прв пат во својата кариера

Read more

7 декември 1941, Јапонија го извршила злогласниот напад на Перл Харбор

Read more

Фудбал

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Read more

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Read more

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Read more

УЕФА му ја намали казната на Луис Диас

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ландо Норис ја освои титулата во Формула 1 за прв пат во својата кариера

Читај повеќе

Кој ќе биде шампион во Ф1? Последната трка од сезоната се вози денеска во Абу Даби

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Читај повеќе

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Читај повеќе

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ за полувреме уфрли 30 поени и донесе пресврт за Денвер

Читај повеќе

УЕФА му ја намали казната на Луис Диас

Читај повеќе

Лион среде скандал: Како клубот направил фиктивни трансфери вредни 120 милиони евра?

Читај повеќе

Артета за набиениот распоред: Ова е премногу, играчите не се машини

Читај повеќе