Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски, денеска го објави списокот на повикани играчи за октомвриските натпревари против Белгија и Казахстан во рамките на квалификациите за Мундијалот 2026.
Македонија прво гостува во Гент каде ќе се соочи со фавориот во груѕпата, Белгија, на 10 октомври (петок), а три дена подоцна (понеделник) во Скопје ќе го пречека Казахстан. Овие два дуела ќе ги одредат шансите за конечниот пласман во ноември кога Македонија ќе има еден натпревар, на гости кај Велс.
Селекторот не може да смета единствено на повредениот напаѓач Лирим Ќамили, додека повратници се Стефан Ашковски и Давид Бабунски. Од вкупно 26 повикани играчи само искусниот Александар Трајковски и натаму е без клуб, додека со повикот на Бабунски бројката на играчи од домашната лига се зголеми на тројца.
Голмани:
Столе Димитриевски – Валенсија (Шпанија)
Дејан Илиев – УТА (Романија)
Дамјан Шишковски – Борац (Босна и Херцеговина)
Игор Алексовски – Фламуртари (Албанија)
Одбрана:
Езѓан Алиоски – Лугано (Швајцарија)
Андреј Стојчевски – Словацко (Чешка)
Бојан Илиевски – Струга
Дарко Велковски – Зрињски (Босна и Херцеговина)
Ѓоко Зајков – Аџман (ОАЕ)
Никола Серафимов – Левски (Бугарија)
Висар Муслиу – Син-Трујден (Белгија)
Стефан Деспотовски – ОФК Београд (Србија)
Стефан Ашковски – Раднички Ниш (Србија)
Средина:
Елиф Елмас – Наполи (Италија)
Енис Барди – Конјаспор (Турција)
Тихомир Костадинов – Сигма (Чешка)
Решат Рамадани – Шкендија
Исник Алими – Далјен Инбо (Кина)
Лука Станковски – Раднички 1923 (Србија)
Јани Атанасов – Лариса (Грција)
Напад:
Бојан Миовски – Ренџерс (Шкотска)
Дарко Чурлинов – Коџаелиспор (Турција)
Милан Ристовски – Бохемианс 1905 (Чешка)
Александар Трајковски – без клуб
Давид Бабунски – Вардар
Елмин Растодер – Тун (Швајцарија)
Собирот на репрезентацијата за е закажан за 6 октомври (понеделник), a ќе се тренира на Тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Ново Лисиче, Скопје.