Милевски се обрати по непродолжената соработка од ФФМ: Благодарност и гордост

Филип Здравески
/ 03.12.2025 / 15:03

Довчерашниот селектор на македонската репрезентација, Благоја Милевски, испрати допис до ФФМ во кој се заблагодари за соработката и професионалноста, и воедно на достоен начин со збогуваше со функцијата.

Фото: ФФМ

Во понеделникот Управниот одбор на ФФМ донесе одлука да не го продолжи договорот на селекторот, чиј мандат истече на 30 ноември.

„Драги поддржувачи на македонската репрезентација,

Би сакал да изразам искрена благодарност до Фудбалската федерација на Македонија и до сите претседатели на нашата федерација, Илчо Ѓорѓиоски, Муамед Сејдини и Масар Омерагиќ, кои од 2014 година обезбедуваа услови и поддршка што ни овозможија да постигнеме резултати вредни за историјата на македонскиот фудбал.

Посебна благодарност упатувам до претседателот Масар Омерагиќ за континуираната и јасна поддршка во изминатиот период. Таквите основи се неопходни за секој професионален процес да функционира стабилно. Во фудбалот, како и во секоја друга област.

Особено сум горд на нашите фудбалери. Нивната енергија, посветеност и упорност ни донесоа победи и резултати што ќе останат во сеќавање. Тие покажаа што значи да се игра за Македонија и тоа ме исполнува со вистинска гордост.

Благодарен сум и на мојот стручен штаб, медицинскиот и логистичкиот тим за професионалноста и соработката. Секој од нив ја вршеше својата работа тивко и прецизно, како дел од една целина што мора да биде усогласена за да успее.

Чест ми беше да ја водам репрезентацијата и да бидам дел од овој заеднички труд. Јас и во иднина ќе бидам со репрезентацијата, со внимание, поддршка и почит.

Благоја Милевски

Во својот мандат на клупата на македонската репрезентација, од 1 август 2021 година, Милевски ја предводеше Македонија на 48 натпревари забележувајќи 18 победи, 14 нерешени и 16 порази, со гол-разлика 64:62, а минутажа им даде на вкупно 65 различни играчи, од кои 5 голмани. Во овој период, Македонија успеа да избори два бараж дуели за пласман на Мундијалите 2022 и 2026, заврши како првопласирана во Лига Ц од Лигата на нации и обезбеди пласман во Лига Б. Но, Милевски ги запиша и двата најтешки порази во историјата на репрезентацијата, 7:0 од Англија и 7:1 од Велс, двата на гости.

Пред да биде слектор на Македонија, Милевски од 2014 година во два наврата ја водеше У21 репрезентацијата, со која постигна историски успех квалификувајќи се на Европското првенство 2017 во Полска и тоа како победник во квалификациската група, пред Франција.

реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Отстранет првиот билборд од Железничката станица Скопје

Read more

Дали пиењето шотови маслиново масло е добро за здравјето?

Read more

Како Кина ја добива трговската војна?

Read more

Фудбал

Наполи со победа над Јувентус се искачи на првото место во Серија А

Read more

Реал се распадна на терен: Летаа црвени и жолти картони

Read more

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Read more

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Read more
 

Спорт

Наполи со победа над Јувентус се искачи на првото место во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Реал се распадна на терен: Летаа црвени и жолти картони

Читај повеќе
  • play_arrow

Ландо Норис ја освои титулата во Формула 1 за прв пат во својата кариера

Читај повеќе

Кој ќе биде шампион во Ф1? Последната трка од сезоната се вози денеска во Абу Даби

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Читај повеќе

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Читај повеќе

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ за полувреме уфрли 30 поени и донесе пресврт за Денвер

Читај повеќе

УЕФА му ја намали казната на Луис Диас

Читај повеќе