Милојевиќ: Би сакал да се формира регионална лига

Макфакс/Кајгана
/ 17.04.2025 / 09:28

Тренерот на Црвена звезда, Владан Милојевиќ, зборуваше на прес-конференција по вчерашниот хуманитарен натпревар со Вардар во Скопје.

„Црвено-белите“ по пресвртот славеа на стадионот „Тодор Проески“ со 3:1.

„Сите ја знаеме причината за овој натпревар. Би сакал да изразам сочувство до семејствата на загинатите во трагедијата, со надеж дека вакво нешто никогаш повеќе нема да се повтори. И да се заблагодарам на мојот клуб што го прифати предлогот на нашите великани Најдоски и Панчев да одиграат натпревар со најголемиот клуб во Македонија, каков што е Вардар“, изјави Милојевиќ.

Последен пат двете екипи играа во Скопје во 1995 година, кога Вардар победи со 3:0.

„После 30 години Звезда дојде на овој стадион кој го носи името на мојот омилен пејач. Многу емоции… Би сакал да им се заблагодарам на сите луѓе кои дојдоа, особено на навивачите на Вардар кои цело време го бодреа клубот. Резултатот и играта се во втор план, но ние сме Црвена звезда и моите играчи знаат дека секој следен натпревар е најважен. Се надевам дека следниот пат ќе одиграме натпревар со поинаков карактер“, додаде тој.

Милојевиќ беше прашан и за идејата за создавање регионална лига по урнек на првенството на поранешна Југославија.

„Мислам дека сите потсвесно би сакале да создадат регионална лига од земјите од поранешна Југославија. Ќе видиме што ќе се случи во иднина, би сакал… Има многу клубови таму, Вардар минува низ тежок период, беше и во втора лига. Вардар е традиционален клуб, видовте колку навивачи има и колку народот го сака клубот, но да проценам каде би бил Вардар во нашата лига… Не сум добар прогнозер, нека остане дека сум недоискажан“, рече Милојевиќ.

Вардар поведе со голот на Михаил Маневски во 27. минута. Стрелецот на голот го соблече дресот и заплака откако по соло акција го совлада Глазер. Под дресот носише маица со името на Андреј Лазаров, фудбалерот на Шкупи кој кобната вечер загина во дискотека во Кочани спасувајќи посетители.

Звезда до крајот на првиот дел направи пресврт во интервал од само три минути во 42. и 45. минута кога по убави акции голови постигнаа Лука Илиќ и капитенот Александар Катаи. Конечниот резултат го постави Урош Сремчевиќ во 87. минута.

реклама

Најголемиот должник во државава нема имот за наплата и не може да му се наплатат 14,87 милиони евра

Read more

Дали 50.000 „камикази“ доаѓаат на украинскиот фронт?

Read more

Почна крајот на Обединетото Кралство: Шкотска, Велс и Северна Ирска потпишаа меморандум што води кон распад

Read more

Девет земји го одложуваат EES системот: Новите проверки сè уште имаат многу недостатоци

Read more

Фудбал

Хаос во Валенсија: Отпуштени тренерот и извршниот директор

Read more

Видео-преглед на колото во првата, втората и женската лига

Read more

Голман од деветта англиска лига одби да стане крал на Уганда, круната ја препушти на друг

Read more

Ибра конечно се појави во тренинг-центарот на Милан

Read more

Спорт

Хаос во Валенсија: Отпуштени тренерот и извршниот директор

Читај повеќе
  • play_arrow

Видео-преглед на колото во првата, втората и женската лига

Читај повеќе

Голман од деветта англиска лига одби да стане крал на Уганда, круната ја препушти на друг

Читај повеќе

Ибра конечно се појави во тренинг-центарот на Милан

Читај повеќе

Синот на Малдини наводно бил позитивен на дрога по сообраќајка

Читај повеќе

Јамал експресно му одговори на Мбапе кој ја заслужува Златната топка

Читај повеќе
  • play_arrow

По свадба-тапани: Победничкиот гол на Сити не требаше да биде признат

Читај повеќе

Чудо во Англија: Хал Сити испишува историја во Премиер лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Гатузо: Фудбалот без навивачи нема смисла, подобро е да си го прошеташ кучето

Читај повеќе