Мистериозна поврзаност: Кога умира папа, Лигата на шампиони ја освојува англиски тим

Макфакс/Кајгана
/ 29.04.2025 / 14:08

Фудбалот честопати ги пишува најневеројатните приказни, но оваа им припаѓа на оние што можат да се наречат чиста мистерија. Главната улога ја играат римските папи и англиските клубови.

Три пати во историјата, кога папата починал, клуб од Англија таа сезона ја освоил титулата во Лигата на шампионите.

Папата Франциск почина на 21 април годинава.

Дали е случајност, судбина или нешто друго? Да ја погледнеме хронологијата.

1978 година

Папата Павле VI почина во август.

Таа сезона 1978/1979, Нотингем Форест ја освои својата прва од двете титули во Купот на европските шампиони. „Шумарите“ во финалето го победија шведски Малме со 1:0.

2005 година

Во април почина папата Јован Павле II, еден од најомилените поглавари на римокатоличката црква во модерната историја.

Само неколку месеци подоцна, Ливерпул направи чудесен пресврт во финалето против Милан во Истанбул, од 0:3 дојде до 3:3, а потоа по изведувањето пенали ја освои Лигата на шампионите.

2022 година

Папата Бенедикт XVI (кој формално абдицираше во 2013 година) почина на 31 декември 2022 година.

Во сезоната 2022/23, Манчестер Сити ја освои својата прва титула со победата од 1:0 над Интер.

Случајност или судбина?

2025 година?

Оваа сезона, единствениот преостанат англиски клуб во елитното натпреварување е Арсенал, кој ќе го пречека ПСЖ во првиот натпревар од полуфиналето во вторник. Потоа доколку се пласира во финалето би играл со подобриот од двомечот Барселона - Интер.

реклама

Кина создаде ново оружје: Испукува до 2.000 куршуми во минута и не користи барут

Read more

Морнарите заглавени во Ормутскиот Теснец почнаа ментално да попуштаат

Read more

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Read more

Непријатни несакани ефекти што астронаутите на Artemis II ќе ги доживеат на Земјата

Read more

Фудбал

ФИФА ги назначи судиите за Светското првенство

Read more

Што се случува во шпанскиот фудбал? Реал бара реформи 

Read more

Хонда се враќа на теренот на 39 години

Read more

Роберт Левандовски бесплатно во Милан?

Read more
 

Спорт

ФИФА ги назначи судиите за Светското првенство

Читај повеќе
  • play_arrow

Новак Ѓоковиќ почна да јаде месо

Читај повеќе

Што се случува во шпанскиот фудбал? Реал бара реформи 

Читај повеќе

Хонда се враќа на теренот на 39 години

Читај повеќе

Роберт Левандовски бесплатно во Милан?

Читај повеќе

Барселона пред испаѓање, Јамал верува во чудо 

Читај повеќе

Објавен списокот на фудбалерки за двете пресметки со Унгарките

Читај повеќе
  • play_arrow

Слот откри зошто Салах не одигра ниту една минута против ПСЖ

Читај повеќе

Клучниот човек на Верстапен потпиша за Мекларен

Читај повеќе