КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА У21 ЕУРО 2027

Младите фудбалери минимално поразени од Италија во Битола

Филип Здравески
/ 09.09.2025 / 20:04

Македонската репрезентација за играчи до 21 година во прекрасна атмосфера во Битола ја пречека силната Италија и претрпе пораз од минимални 1:0.

Фото: Филип Здравески (Кајгана)

Младите Италијанци, кои во составот имаа играчи од клубови како Наполи, Рома, Емполи и Сасуоло од Серија А, од самиот почеток покажа дека е поквалитетна екипа. Ја контролираше играта, напаѓаше, а младите Македонци се обидуваа да се заканат од контри.

Во 25-тата минута Брандо Моруци заработи втор жолт картон откако спречи опасен напад и „Аѕурините“ останаа со играч помалку. Ниту тоа не ѝ помогна на Македонија бидејќи десет минути подоцна новопечениот играч на наполи, дефанзивецот лука Марианучи ја затресе домашната мрежа на незадоволство на битолската публика.

По паузата Македонија заигра многу поонфазивно, обидувајќи се да ја искористи предноста од играч повеќе. Удари упатија Хамза и Николовски, но резултатот остана непроменет. Како што одминуваше времето Италијанците се стабилизираа од македонскиот притисок и до крајот ја контролираа играта и резултатот, па ја запишаа втората победа во овие квалификации откако претходно со 2:1 славеа над Црна Гора.

Македонија по првите две кола останува без бодови и без постигнат гол, но она што е најважнбо е што репрезентацијата по 31 година се врати во Битола. Имено, последен меч на Македонија во Градот на конзулите беше исто така У21 квалификациски и тоа против Шпанија на 11 октомври 1994 година.

Remote video URL
реклама

Фудбал

Случај Свилар: Сака да брани за Белгија, но не може, може да брани за Србија ама не сака

Read more

Шкотската химна среде Скопје ечеше појако од македонската

Read more

Паника во Манчестер Сити: Халанд со приватен авион ја напушти Португалија

Read more

Пјаниќ откри како го надитриле Роналдо за да не изведе клучен слободен удар

Read more

Спорт

Случај Свилар: Сака да брани за Белгија, но не може, може да брани за Србија ама не сака

Читај повеќе
  • play_arrow

Шкотската химна среде Скопје ечеше појако од македонската

Читај повеќе

Паника во Манчестер Сити: Халанд со приватен авион ја напушти Португалија

Читај повеќе

Прескап пех на Расел во Малезија: Титулата е (не)возможна мисија

Читај повеќе
  • play_arrow

Пјаниќ откри како го надитриле Роналдо за да не изведе клучен слободен удар

Читај повеќе

Конте навестува за иднината: Сакам да одам во клуб каде што има притисок

Читај повеќе

Каде исчезна моќната Германија?

Читај повеќе

Жезуш: Ако Роналдо сака да се врати, ќе се врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Лудница во Малезија: Триумф на Верстапен по 303 дена, блескава трка за Хамилтон, кошмарна за Расел

Читај повеќе