Модриќ станува еден од сопствениците на Свонси

Познатиот хрватски фудбалер и член на Реал Мадрид, Лука Модриќ (39), наскоро ќе стане еден од сопствениците на велшкиот клуб Свонси.

Ова денеска ексклузивно го соопшти познатиот италијански инсајдер Фабрицио Романо, кој рече дека веќе е постигнат договор меѓу двете страни.

Сега сѐ што е потребно е да се испочитува потребната законска процедура и Модриќ ќе стане сопственик на малцински удел во Свонси.

Ова е клуб кој моментално се натпреварува во Чемпионшип, втората лига на англискиот фудбал, а пред осум години популарните „Лебеди“ беа меѓу елитата - во Премиер лигата.

Во последните денови многу се зборува за статусот на Модриќ во Реал Мадрид, каде што е јасно дека неговата кариера е при крај, но Романо тврди дека работата во Свонси не се одразува на играчката кариера на Хрватот.

Свонси моментално е 12-ти на табелата во Чемпионшип и сигурно нема да испадне, но исто така нема шанси да се бори за пласман во Премиер лигата.

Свонси е од истоимениот град во Велс и е еден од неколкуте велшки клубови кои настапувата во англиските лиги наместо во велшките. Друг познат таков пример е клубот Кардиф, кој исто така моментално игра во Чемпионшип лигата.

реклама

Шокантни сцени: Најголемото вештачко езеро во САД на најниско ниво досега

Read more

Колку долго јајцата можат да се остават надвор од фрижидер?

Read more

Детали за несреќата во Радишани: Возачот што избега му го пресекол патот на младиот мотоциклист кој загина

Read more

Играч спречи контра напад и предизвика сообраќајка

Read more

Фудбал

Играч спречи контра напад и предизвика сообраќајка

Read more

Војната продолжува: ФИФА жестоко одговори на критичарите на Инфантино

Read more

Мурињо практикува строгост во Реал: Едно правило спротивно на желбите на Мбапе

Read more

Бомбата што никој не ја очекуваше: Ливерпул го потпиша капитенот на Барселона

Read more

Спорт

  • play_arrow

Играч спречи контра напад и предизвика сообраќајка

Читај повеќе

Поранешни НБА играчи сакаат да играат во ВНБА, комесарот реагира итно

Читај повеќе

Војната продолжува: ФИФА жестоко одговори на критичарите на Инфантино

Читај повеќе

Мурињо практикува строгост во Реал: Едно правило спротивно на желбите на Мбапе

Читај повеќе

Бомбата што никој не ја очекуваше: Ливерпул го потпиша капитенот на Барселона

Читај повеќе

Винисиус го продолжи договорот со Реал

Читај повеќе

Тајните на ФБИ од СП го шокираа светот: Влегувам на стадионот за да го разнесам Меси со 4 бомби

Читај повеќе

Откажан натпреварот на Барса во Мароко поради мигрантската криза

Читај повеќе

Инфантино доби поддршка од Африка, Аргентина и Мексико

Читај повеќе