На прес-конференцијата на која беше претставен како нов тренер на Бенфика, Жозе Мурињо се осврна на својата работа во неговиот претходен клуб, Фенербахче.
„Направив грешка што го презедов Фенербахче. Не беше моето културно ниво, не беше моето фудбалско ниво. Тие едноставно не беа мое ниво“, рече тој.
Претседателот на турскиот клуб, Али Коч, ја коментираше неговата изјава.
„Тренер на ова ниво се омаловажува кога зборува на овој начин. Мора да се прилагодите на позицијата. Постои една изрека: ‘Само мртвите и будалите не се менуваат’“, рече претседателот на Фенербахче.
„Сите играчи од сезоната во која завршивме со 99 поени и 99 гола назадуваа. Еден играч игра одлично една недела, а следната не може ниту да влезе во првите 18. Не знаеме зошто. Мурињо испраќа остри пораки, но јас ќе го паметам по добро. Сепак, тренерот се потценува себеси со вакви изјави.“
Мурињо го предводеше Фенербахче во 62 натпревари со резултат од 37 победи, 14 нерешени и 11 порази. Тој не освои трофеј.