ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО

На кои судии може да им биде забрането да судат на финалето на СП од политички причини?

Судиите и судењето на Светското првенство се во центарот на вниманието како никогаш досега, ФИФА мора да се оправда поради бројни контроверзни ситуации, а во врска со ова доаѓа информација дека неколку судии имаат посебни политички ограничувања.

Меѓу најелитните светски судии се Англичаните Мајкл Оливер и Ентони Тејлор, како и Аргентинците Факундо Тељо, Дарио Херера и Јаел Фалкон Перес.

Покрај тоа што нема да можат да судат натпревари во кои играат нивните репрезентации, овие судии нема да можат да судат меѓусебно (Аргентинците англиската репрезентација, а Англичаните аргентинската репрезентација).

Предвиденото полуфинале носи дуел помеѓу Аргентина и Англија, па затоа е многу веројатно дека една од овие две репрезентации ќе игра во финалето на Светското првенство, што значи дека ова правило на ФИФА ќе биде вклучено и на еден од судиите ќе му биде забрането да ја дели правдата на најважниот натпревар во светскиот фудбал.

ФИФА инаку се води од оваа практика - Аргентинците не може да судат на репрезентацијата на Англија, а Англичаните не може да судат на репрезентацијата на Аргентина поради геополитичката ситуација меѓу Обединетото Кралство и Аргентина во врска со Фолкландските Острови.

Фолкландската војна се водеше меѓу Велика Британија и Аргентина во период од 10 недели во 1982 година. Заврши по 74 дена борби на 14 јуни 1982 година со предавање на аргентинските сили. Затоа, островите беа вратени под британска контрола.

Островите сега се самоуправна прекуокеанска територија на Обединетото Кралство, но Аргентина ги смета и за национална територија.

Тагови
реклама

Кои се најдобрите половни автомобили до 3.000 евра? 

Read more

Фрапантно: Директорка на основно во Прилеп сече јавори оти ѝ сметале паднатите лисја

Read more

Дел од фабрика за муниција во Италија летна во воздух

Read more

Свинско со зеленчук во фолија: Месото ќе се распадне под вилушката

Read more

Фудбал

Работнички објави 10 засилувања за новата сезона

Read more

Ретко видена скромност: Најдобриот играч на Светското лета со Ryanair наместо со приватен авион

Read more

Крај на чудесната ера на Лестер: Стигнаа до врвот, потонаа и сега се на продажба

Read more

Уште еден сојузник му врти грб на Инфантино

Read more

Спорт

  • play_arrow

Ѓоковиќ откри одлични вести за состојбата на своето тело пред Мастерсот во Синсинати

Читај повеќе

Работнички објави 10 засилувања за новата сезона

Читај повеќе

По 11 години вегетирање почина боксерот што во контроверзен меч претрпе сериозни повреди на главата

Читај повеќе
  • play_arrow

Расел Вестбрук замина во пензија

Читај повеќе

Македонија, Србија и Словенија официјално поднесоа кандидатура за организација на ЕУРО 2034

Читај повеќе
  • play_arrow

Ретко видена скромност: Најдобриот играч на Светското лета со Ryanair наместо со приватен авион

Читај повеќе

Крај на чудесната ера на Лестер: Стигнаа до врвот, потонаа и сега се на продажба

Читај повеќе

Уште еден сојузник му врти грб на Инфантино

Читај повеќе

Шокантни детали од судењето: Марадона умирал во агонија

Читај повеќе