ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2025

Најлудата приказна на преодниот рок – легендарниот голман излегол на кафе и не се вратил на потпис на договорот

Макфакс/Кајгана
/ 03.09.2025 / 14:41

Мексиканецот Гиљермо Очоа (40) во последен момент одлучи да ја одбие понудата на шпанскиот второлигаш Бургос.

На последниот ден од преодниот рок, голманот, кој во својата кариера бранеше на 5 Светски првенства, со амбиција да го стори тоа по шести пат, пристигна во споменатиот шпански клуб за да го финализира договорот со претставниците на Бургос.

Сè одеше непречено за двете страни сè до моментот кога, според шпанските медиуми, Очоа побарал да се промени една ставка во договорот (не е наведено конкретно која), потоа ја напуштил канцеларијата и заминал на кафе.

И не се вратил. Телефонските повици на претседателот на Бургос биле залудни.

Така, во последен момент, тој остана без клуб во кој имаше план да се бори за место меѓу стативите и на тој начин да се наметне кај селекторот на „Ел Три“ за претстојниот Мундијал – што би бил негов рекорден шести во кариерата.

Бургос, во меѓувреме, имале подготвен план Б по ненадејното заминување на Очоа. Раководството на клубот реагираше брзо и го ангажираше Хесус Руис, Каталонец, кој беше слободен на пазарот откако го напушти тимот на Расинг Ферол.

Очоа има 151 натпревар за мексиканската репрезентација, а беше во репрезентацијата и летово на Гол купот во САД, кој и го освои. Но, последен пат бранеше за репрезентацијата лани во ноември.

реклама

Фудбал

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Read more

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Read more

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Read more

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Read more

Спорт

  • play_arrow

Медведев оди понатаму во Шангај по дисквалификацијата во Пекинг

Читај повеќе

По 500 дена пекол Кулушевски одигра натпревар

Читај повеќе

Обвинителството откри нови шокантни детали за последните денови од животот на Марадона

Читај повеќе

Кој е најлошиот селектор на Македонија? Седлоски галопира кон преземање на приматот

Читај повеќе

Мурињо се потсмева на случајот со Манчестер Сити: Ќе имам 80 години кога ќе донесат пресуда

Читај повеќе

Барди: Ова не е крајот на нашата приказна, ќе се вратиме!

Читај повеќе

Актуелниот МВП во НБА стана косопственик на мадридски Атлетико

Читај повеќе

Се решава најголемиот правен преседан во фудбалот: Кој е шампион на Африка?

Читај повеќе

Џака осуден поради лажен ковид-сертификат, но нема да оди в затвор

Читај повеќе