Фудбалерите на Арсенал водат против Атлетик Билбао со 2:0 по 65 минути игра од финалето на Емирати Купот. Англискиот тим ја потврди својата доминација со головите на Виктор Ѓекереш во 34-тата минута и на Букаја Сака четири минути подоцна.
Шведскиот напаѓач го постигна првиот гол за својот нов клуб, во неговиот трет настап. 27-годишниот напаѓач постигна гол со глава по асистенција на Мартин Зубименди и славеше на својот вообичаен начин. Можете да го погледнете неговиот гол ТУКА.
По долги преговори, Арсенал успеа да се договори со Спортинг за трансферот на најплодниот стрелец во Европа и му плати 63,5 милиони евра, плус 10 милиони евра во потенцијални бонуси. Ѓекереш, кој постигна 54 гола во сите натпреварувања минатата сезона, има тригодишен договор со Спортинг и клаузула за ослободување од 100 милиони евра. Сепак, португалскиот клуб сепак ја намали цената.
Претседателот на Спортинг, Фредерико Варандас, во еден момент изјави дека ќе го казни Ѓекереш, и дека ќе мора да им се извини на соиграчите што не се појавил на време на подготовките за новата сезона. Шведскиот голгетер доби продолжен одмор од клубот, но сепак не се појави на тренингот на Спортинг. Медиумите проценија дека сакал да создаде дополнителен притисок врз раководството на клубот.
Ѓекереш пристигна во лисабонскиот клуб во летото 2023 година од англискиот второлигаш Ковентри во трансфер вреден 24 милиони евра и за две сезони во дресот на Спортинг постигна дури 97 голови и додаде 28 асистенции.