Најубавата фудбалерка е слободна: Алиша Леман раскина

Најубавата фудбалерка во светот, Алиша Леман, раскина со Доуглас Луис*, со што дефинитивно ја завршија нивната врска, јавуваат италијанските медиуми.

Двајцата пристигнаа во Торино заедно од Астон Вила за да не бидат разделени, но сега одлучија да тргнат по друг пат.

Според La Gazzetta dello Sport, разделбата се случила бидејќи Бразилецот сакал да го напушти Торино на крајот од сезоната и да се пресели во нов клуб, додека таа не сакала да го напушти Јувентус и сакала да остане во Торино.

Со „Старата дама“ на две кола до крајот веќе ја освои титулата шампион на Италија, но Луис не беше натпреварот против Милан кога Скудетото беше заверено.

Бразилецот претходно изрази незадоволство од минутажата што ја добива во торинскиот гигант и побара да игра повеќе, што очигледно не е она што го мислат луѓето од тренерскиот штаб на Јуве. Неговиот договор со Јувентус истекува летото 2029 година, а премиерлигашот Нотингем Форест веќе покажа интерес за него.

За потсетување, двајцата се заедно од 2021 година, но накратко раскинаа во 2023 година бидејќи Алиша беше во врска со колешката од швајцарската репрезентација, Рамона Бахман.

„Би рекла дека бисексуалноста е нормална за нас во женскиот фудбал. Сите нè прифаќаат така. Во светот, повеќето луѓе велат дека прифаќаат сè, а потоа зад грб велат 'Боже мили'. Мојата генерација порасна така што секој е прифатен таков каков што е. Можеби постарите генерации имаат проблем со тоа, иако не мислам дека тоа ќе биде проблем за 20 години“, рече тогаш Алиша.

Алиша и Доуглас ја обновија својата врска минатата година, само за повторно да раскинат.

*Името Douglas во Бразил не се изговара како англиското Даглас, туку едноставно Доуглас, како што има потврдено и самиот фудбалер.

Тагови
реклама

Двајца млади скопјани најдени починати

Read more

Какви промени носи младата Месечина во Стрелец?

Read more

Денешниот датум 12.12 е еден од најмоќните во годината – направете неколку симболични чекори за да ве следи среќа

Read more

Македонија и Србија не мораат да измислуваат „топла вода“ – таа ни е под земја

Read more

Фудбал

Заврши есенскиот дел во македонската втора лига

Read more

Слот: Ќе разговарам со Салах, од него зависи дали утре ќе биде во тимот

Read more

Бензема: Проблемот во Реал не е тренерот, туку играчите

Read more

Иран и Египет прават сè за да не играат Pride Match на Светско

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Неуништливата Вон со 41 година славеше во Сент Мориц и влезе во скијачката историја

Читај повеќе

Заврши есенскиот дел во македонската втора лига

Читај повеќе

Слот: Ќе разговарам со Салах, од него зависи дали утре ќе биде во тимот

Читај повеќе

Бензема: Проблемот во Реал не е тренерот, туку играчите

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ речиси не промаши и ги уништи Кингс

Читај повеќе

Реалност или лудост: Џејк Пол планира да го нокаутира Џошуа пред седмата рунда

Читај повеќе

Иран и Египет прават сè за да не играат Pride Match на Светско

Читај повеќе

Модриќ и Рабјо се добитната комбинација на Милан

Читај повеќе

Ето љубоморно си го чува рекордот: Го исфрли капитенот за да не го престигне

Читај повеќе