Веднаш по плејоф жрепката за Лигата на шампионите попладнево во Нион се одржа и онаа за Лига Европа.
По ист принцип како и за Лигата на шампионите, Лига Европа ги состави двојките од плејофот кој ќе ги даде осумте квалификанти во осминафиналето.
Во оваа фаза се најдоа и два клуба од ексју големата четворка, загрепски Динамо и белградска Црвена звезда. „Модрите“ имаа повеќе среќа и се паднаа со белгиски Гент, додека „Црвено-белите“ налетаа на силниот француски прволигаш Лил, со кој веќе играа во лигашката фаза и успеаја да го совладаат со 1:0 во Белград со голот на Марко Арнаутовиќ од пенал во последните минути пред крајот.
Најинтересни пресметки се очекува да бидат оние на Фенербахче против премиерлигашот Нотингем Форест и на шкотскиот великан Селтик против бундеслигашот Штутгарт.
Плејоф двојки:
ПАОК - Селта
Лил - Црвена звезда
Панатинаикос - Викторија
Фенербахче - Нотингем Форест
Лудогорец - Ференцварош
Селтик - Штутгарт
Динамо - Генк
Бран - Болоња
Првите натпреварите ќе се играат на 19 февруари, додека реваншиуте се закажани за 26 февруари.
Екипите на Лион, Астон Вила, Митјиланд, Бетис, Порто, Брага, Фрајбург и Рома обезбедија директен пласман во осминафиналето.
Жрепката за осминафиналето ќе се одржи на 27 февруари во Нион.