Навивач го исклучи ВАР среде натпревар, настана хаос 

Неверојатни сцени го одбележаа натпреварот од втората германска лига помеѓу Пројсен Минстер и Херта Берлин, кој се претвори во хаос откако еден навивач го исклучи ВАР мониторот. Судијата Феликс Бикел беше повикан да го прегледа видеото за можен пенал, но го пречека празен екран бидејќи навивач физички го исклучил уредот. Погледнете ја ситуацијата ТУКА.

Бизарна саботажа 

Инцидентот се случи кон крајот на првото полувреме, кога Бикел се приближи до мониторот покрај теренот за да го провери фаулот на домашниот играч Нике Кулис врз Михаел Куизанс од Херта. Сепак, екранот остана црн. По околу една минута чекање, судијата мораше да ја остави одлуката на ВАР собата, каде што беше судијката Катрин Рафалски.

На Бикел му беше кажано да го досуди пеналот за Херта, иако самиот не можеше да го види видеото. Фабијан Рис беше сигурен изведувач и им донесе на гостите водство од 1:0. Настанот покрена сериозни прашања за безбедноста на стадионот и протестите против технологијата во германскиот фудбал.

Планирана акција

По натпреварот, кој заврши со победа на Херта од 2:1, Пројсен Минстер издаде официјално соопштение во кое го осудува нарушувањето на безбедноста. Клубот потврди дека станува збор за намерен чин. 

„Маскиран гледач од трибината со најстраствените навивачи нелегално влегол во просторот до теренот и ја исклучил техничката опрема. Пројсен Минстер жали за инцидентот и ќе направи сè што е во наша моќ да го идентификува и изведе сторителот пред лицето на правдата“, соопшти клубот.

Во соопштението за медиумите се додава дека прекинот не бил случаен, туку планиран протест против воведувањето на ВАР технологијата. 

„Првите информации укажуваат дека станува збор за планирана акција, што е потврдено и од транспарентот што беше развеан на домашната трибина кратко по техничкиот дефект“, изјавија тие. 

Локалните медиуми објавија дека на транспарентот пишувало: „Исклучете го ВАР“, со што намерите на навивачите стануваат сосема јасни.

Најавена истрага

Резултатот од натпреварот остана во сенка на овој невиден безбедносен пропуст. Германската фудбалска федерација (DFB) најави покренување истрага, а Пројсен Минстер се соочува со можни санкции поради потфрлање во организирањето и обезбедувањето на техничката зона. Целиот настан служи како силен потсетник за затегнатите односи меѓу некои од навивачките групи во Германија и современите технолошки решенија во фудбалот.

Тагови
реклама

Фудбал

Пујол бесен: Ако судиите сакаат да бидат ѕвезди на вечерта, нека одат во циркус

Read more

Заврши мундијалскиот сон за Екитике

Read more

AS: Паника во Арсенал

Read more

Каталонски новинар по елиминацијата на Барса: УЕФА е мафија

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Пујол бесен: Ако судиите сакаат да бидат ѕвезди на вечерта, нека одат во циркус

Читај повеќе

Усик го избра фаворитот: Џошуа или Фјури?

Читај повеќе
  • play_arrow

Заврши мундијалскиот сон за Екитике

Читај повеќе

AS: Паника во Арсенал

Читај повеќе
  • play_arrow

Каталонски новинар по елиминацијата на Барса: УЕФА е мафија

Читај повеќе

Нејмар даде гол, па се скара со навивачите на Сантус 

Читај повеќе

Топ 10 клубови што освојувале најмалку бодови во историјата на првата лига

Читај повеќе

Сезонава Ф1 сепак ќе се вози во Џеда

Читај повеќе

Симеоне за Јамал: Нека игра тенис ако сака еден на еден

Читај повеќе