Поранешниот шампион на Италија и освојувач на европски трофеј, Сампдорија, испадна во третата лига. Во последното коло од Серија Би, Сампдорија одигра без голови против Јуве Стабија (0:0), но резултатите од другите натпревари не им одеа во прилог. Тоа значеше дека за прв пат во 79 години постоење, клубот од Џенова се пресели во Серија Чи.

Навивачите на Сампорија се појавија на тренингот на тимот во петокот и побараа од фудбалерите да ги соблечат дресовите, бидејќи, како што им рекле на фудбалерите, тие не биле достојни да ги носат боите на клубот.
Три дена по испаѓањето, атмосферата во и околу клубот е вжештена. Околу стотина лути навивачи се собраа пред спортскиот центар „Муњаини“ во Бољаско, каде што тимот на тренерот Алберико Евани имаше еден вид „казнен“ тренинг, пишува La Gazzetta dello Sport.
Протестите биле жестоки – навивачите ги навредувале играчите и извикувале слогани како „Вие сте го.на“, „Овде нема место за предавниците на Сампдорија“ и „Ќе ве скршиме“.
Најголемото понижување се случи кога играчите мораа да ги соблечат дресовите и да им ги предадат на мала група ултраси кои ги чекале пред центарот.
„Не сте достојни да ги носите“, им порачале навивачите.
Hanno fatto ciò per cui ci hanno sempre criticato ahahah. DOVE CAZZO È FINITO LO STILE SAMPDORIA pic.twitter.com/VhtSwqUFVP
— 𝟏𝟖𝟗𝟑 (@alexgenoa_1893) May 16, 2025
Испаѓањето во Серија Чи претставува болен пад за клубот кој беше шампион на Италија во 1991 година и го освои Купот на победниците на куповите во 1990 година.
Сампдорија, исто така, во своите витрини има 4 трофеи од Копа Италија и еден италијански Суперкуп. Денес, 33 години по своите најславни денови, се соочува со најтешкиот период во историјата.