Гранит Џака нема да биде вклучен во ниту еден од натпреварите на Швајцарија за време на репрезентативната пауза откако призна дека иавздил лажен сертификат за ковид вакцина во 2022 година и покрај тоа што не бил вакциниран.
Швајцарските власти во Луцерн истражуваат лекар за кој се тврди дека погрешно издал серија сертификати за ковид во екот на пандемијата со COVID-19.
Во текот на викендот во Швајцарија беше објавено дека Џака е еден од луѓето на кои им е издаден сертификат во кој се наведува дека примиле вакцина против ковид, иако не ја примиле.
Капитенот на Сандерленд сега издаде соопштение преку својот Instagram профил потврдувајќи дека тоа се случило, и е исфрлен од составот на Швајцарија за првите четири натпревари од Лигата на нации, која за нив почнува в сабота во Скопје.
Во изјавата на Џака се вели: „Во последните денови имаше многу извештаи за едно прашање од моето минато. Би сакал лично да се осврнам на ова.“
„Во тоа време, лично бев многу несигурен и имав сериозни загрижености во врска со вакцинацијата против COVID-19. Чувствував длабока недоверба во вакцината и ме мачеа страв и неизвесност.“
„Во таа турбулентна емоционална состојба, добив потврда за вакцинација наместо да ги разјаснувам моите отворени прашања преку соодветни канали.“
„Денес јасно гледам дека ова не беше правилниот тек на дејствување. Беше грешка. Жал ми е. Ја преземам одговорноста за оваа одлука, посветен сум на истрага на случајот и целосно соработувам со надлежните органи.“
Џака беше позитивен на ковид во септември 2022 година и беше принуден да ги пропушти натпреварите со Швајцарија тој месец.
Играчот од средниот ред ќе биде испрашуван од швајцарските власти за време на тринеделната репрезентативна пауза, а официјалните лица на Сандерленд не ја коментираат ситуацијата.
Истражните органи во Луцерн потврдија дека работат на утврдување дали треба да се покрене кривична постапка поради скандалот со сертификатот за вакцинација.
Портпаролот на Канцеларијата на кантоналниот обвинител во Луцерн изјави: „Целта е да се разјасни дали имало дејствие релевантно според кривичниот закон во врска со можното измамничко добивање лажна потврда и/или фалсификување на документ“.
Џака ден по натпреварот против Македонија ќе го прослави својот 34. роденден. Има 152 настапа за Швајцарија и 18 постигнати голови. Беше дел од Мундијалите 2014, 2018, 2022 и 2026, како и од ЕУРО 2016, 2020 и 2024.
Македонија ја пречекува Швајцарија в сабота од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Ова ќе биде прв меѓусен дуел на овие две репрезентации кои никогаш порано не се имаат сретнато, ниту на пријателска.