Иако беше речиси договорено Родри да се пресели од Манчестер Сити во Реал Мадрид, Барселона во последен момент се вмеша и практично го грабна најдобриот играч на Светското првенство од својот најголем ривал.
Родри вчера го информираше раководството на каталонскиот клуб дека сака да стане дел од тимот на Ханси Флик, со што се елиминира секоја можност за негово преселување во Реал Мадрид, пишува Marca.
Флик лично го контактирал Родри, како и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, и спортскиот директор Деку, но шпанскиот играч од средниот ред не донел одлука откако разговарал со нив.
Според шпанските новинари, Флик, Лапорта и Деку му ги презентирале своите планови на Родри, но освојувачот на Златната топка во 2024 година се консултирал со Жузеп Гуардиола за конечната одлука.
Родри своите најдобра партии ги одигра под водство на Пеп во Сити, а на крајот ја донел конечната одлука во разговор со него.
Гуардиола, како легенда на Барселона, го советувал да оди во Каталонија, а Родри го послушал како што направил многу пати во кариерата, а сега сè што останува е клубовите да се договорат за обештетувањето.
🚨 𝗘𝗫𝗖𝗟𝗨𝗦𝗜𝗩𝗘: Pep Guardiola CALLED Rodri this week to CONVINCE HIM to join Barcelona.
— Barça Universal (@BarcaUniversal) August 6, 2026
— @BlazquezFont pic.twitter.com/EEyOharBMY
Се претпоставува дека Барселона ќе плати околу 50 милиони евра за Родри и дека трансферот ќе биде официјализиран следната недела.
Родри, кој е родум од Мадрид, ќе биде вистинска реткост ако заигра за Барселона оти ретко се случувало мадриѓани да го носат дресот на каталоснкиот гигант.