1.МФЛ 2025/2026

Неверојатна математика може да ја спаси Македонија ЃП од испаѓање

Филип Здравески
/ 12.05.2026 / 19:16

Според Правилникот за натпреварување за првата лига објавен од ФФМ, иако добар дел од медиумите ја прогласија за испадната, екипата на Македонија ЃП математички сѐ уште не е и може да се спаси со едно неверојатно сценарио во кое помош ќе ѝ треба од испаднатиот Работнички, од Тиквеш и од Башкими.

Фото: ФК Македонија ЃП 1934 Скопје

Веројатноста тоа да се случи е многу мала, но математиката им дава шанса.

На две кола до крајот на сезоната тимот од населбата Ѓорче Петров, некогаш шампион, е со едната нога во втората лига, по стапките на уште еден скопски поранешен шампион и великан, Работнички, кој испадна минатото коло. Македонија ЃП е печен второлигаш. Во теорија шанса за спас имаат, но во реалноста тешко дека тоа ќе се случи. Сепак, додека има математика, има и надеж.

Како останува Македонија ЃП?

Поранешната Југококта, како што од Југославија ја паметат старите ѓорчепетровци, мора да победи на преостатите два натпревара против Башкими на гости (неутрален терен) и Силекс дома. Тоа е првиот услов, кој зависи само од нив самите.

Потоа популарните „Лавови“ треба да се молат битолски Пелистер да ги загуби двата натпревара, на гости кај Тиквеш и дома против Башкими. А, Пелистер сигурно ќе даде сѐ од себе бидејќи не само што со бод избегнува испаѓање, туку математички има шанси да го избегне и баражот. Но, сѐ е во игра додека математиката вели така.

И тука станува интересно. Дури и да се оствари сценариото во кое Македонија ЃП остварува две победи, а Пелистер два пораза, меѓусебниот дуел е на страната на битолчани (подобра гол-разлика од 4:3) и според тоа и со ист број на бодови „Лавовите“ повторно испаѓаат.

Пелистер - Македонија ЃП 2:0
Пелистер - Македонија ЃП 1:1
Македонија ЃП - Пелистер 2:1

Тука на сцена стапува веќе испаднатиот Работнички кој треба да оствари две победи во последните два натпревара против Шкупи на гости и Тиквеш дома. Членот 107 од Правилникот за натпреварување за првата лига објавен во јули 2025 година (линк тука) вели дека кога три или повеќе екипи имаат ист број на бодови, а се одлучува за место кое води кон нешто (во случајов испаѓање или бараж), се прави мини табела со натпреварите само помеѓу тие три или повеќе екипи.

Член 107

1. Исклучок во утврдување на пласман на табелата при ист број на бодови се прави доколку е во прашање утврдување на пласман кој одлучува за прво место или пласман во повисок степен на натпреварување, испаѓање од лигата, поминување во повисок или понизок степен на натпреварување преку бараж натпревар и учество во клупските натпреварувања на УЕФА.
2. Ако клубовите имаат ист број на бодови во конечната (Play off/Play out) табела во првенството, пласманот се утврдува на следниот начин:
3. Ако два клуба имаат ист број на бодови повисоко пласирана е екипата која во меѓусебните средби има подобар исход.
4. Ако три и повеќе клуба имаат ист број на бодови се прави дополнителна табела во која влегуваат резултатите од меѓусебните натпревари што ги одиграле екипите со ист број на бодови.
5. Доколку збирот на освоените бодови на дополнителната табела е ист одлучува разликата меѓу дадените и примените голови.
6. Доколку разликата меѓу дадените и примените голови е иста, одлучува поголемиот број на постигнати голови во гости (кога се два клуба), односно поголем број на постигнати голови кога се во прашање три или повеќе клуба.
7. Доколку и со бројот на постигнати голови не може да се утврди предност тогаш се одигруваат натпревари меѓу изедначените клубови и тоа:
а. два натпревара по двоен куп систем, ако се во прашање два клуба;
б. три натпревари, по еднострук бод систем, на неутрален терен, ако се во прашање три клуба;
в. потребен број натпревари по еднострук куп систем на неутрален терен, ако се во прашање четири или повеќе клубови.
8. Органот кој го води натпреварувањето може да донесе одлука доколку за тоа постои барање/согласност од заинтересираните клубови, а по исклучок и по наод на самиот орган ако е во прашање интегритетот на натпреварувањето наместо одигрување на два и повеќе натпревари како што е наведено во ставот што претходи, прашањето за пласман да се утврди и со одигрување на еден натпревар, ако се во прашање два клуба.

Така, тука во игра влегуваат меѓусебните натпревари на клубот од Дебар Маало со Пелистер и Македонија ЃП.

Работнички - Пелистер 3:3
Пелистер - Работнички 4:1
Работнички - Пелистер 3:0

Македонија ЃП - Работнички 2:1
Македонија ЃП - Работнички 3:1
Работнички - Македонија ЃП 0:0

Согласно меѓусебните резултати, мини табелата изгледа вака:

  1. Македонија ЃП 3-2-1 8:6 11
  2. Пелистер 2-2-2 11:10 8
  3. Работнички 1-2-3 9:12 5

Со ова сценарио Пелистер се сели во втората лига, додека Македонија ЃП ќе игра бараж.

Во реалноста тешко остварливо, но теоретски возвожно.

реклама

Нуркачи конечно го најдоа римскиот мост стар 1.700 години во Швајцарија  

Read more

Почнува со емитување каналот Арена спорт Македонија

Read more

Неделен хороскоп од 8 до 14 јуни за секој знак

Read more

Куба ја погоди најсилен земјотрес во последните 70 години, тресеше и на Флорида

Read more

Фудбал

Колку ќе заработат судиите на Светското првенство?

Read more

Безбедносен трилер зад кулисите: Фудбалерите на Сенегал и Узбекистан претресувани како криминалци

Read more

САД не му дозволи влез на најдобриот африкански судија, ФИФА немоќна

Read more

Бразилец ќе суди на отворањето на Светско

Read more

Спорт

  • play_arrow

Почнува со емитување каналот Арена спорт Македонија

Читај повеќе

Колку ќе заработат судиите на Светското првенство?

Читај повеќе

Преседан на ИХФ: Мундијалска вајлд карта за Турција и Саудиска Арабија

Читај повеќе

Безбедносен трилер зад кулисите: Фудбалерите на Сенегал и Узбекистан претресувани како криминалци

Читај повеќе

САД не му дозволи влез на најдобриот африкански судија, ФИФА немоќна

Читај повеќе

Бразилец ќе суди на отворањето на Светско

Читај повеќе

Гросо е нов тренер на Фиорентина

Читај повеќе
  • play_arrow

Вемби ги предводеше Спарс до победа над Никс и ја намали разликата во финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Џака повторно го покажа албанскиот симбол за кој ФИФА го казни

Читај повеќе