Неверојатна приказна од Олд Трафорд: Јунајтед во 2015 го проценил Мбапе како ништо посебно

Легендарниот фудбалер и поранешен тренер на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, откри неверојатна приказна за тоа како англискиот гигант ја пропуштил можноста да го ангажира Килјан Мбапе во 2015 година.

Во тоа време Гигс беше дел од стручниот штаб на Луи ван Хал, а до информации за талентираниот Французин дошол на сосем неочекуван начин додека бил на одмор во Јужна Франција.

„Шетав по плажата кон хотелот кога ми пријде еден човек по име Лионел; ми кажа дека го следи младинскиот фудбал и инсистираше да погледнам еден играч на Монако по име Килјан Мбапе“, се присети Велшанецот во поткастот на Рио Фердинанд.

Неколку недели подоцна, Гигс добил е-меил со целосни информации за младиот фудбалер, по што тој и неговиот колега Алберт Стајвенберх (сега е помошник во Арсенал) гледале снимки од неговите настапи.

„Гледавме неколку натпревари на младинскиот тим на Монако и нашата реакција беше: 'Леле, што е ова?'“, истакна Гигс, нагласувајќи дека Мбапе уште тогаш изгледал исклучително посебно.

Воодушевените тренери веднаш ја пренеле информацијата до скаутската служба на „Црвените ѓаволи“.

Скаутите на клубот од „Олд Трафорд“ потоа отпатувале во Париз за да го видат младиот напаѓач на дело против ПСЖ.

Сепак, стручњаците за проценка на таленти воопшто не биле импресионирани од она што го виделе на теренот.

„Ги прашав како поминаа, а тие рекоа дека не се целосно убедени во неговите квалитети, па се откажавме од трансферот и тоа беше сè“, додаде Гигс осврнувајќи се на големиот пропуст на Јунајтед.

Набргу потоа, Мбапе стана вистинска сензација во Монако, премина во ПСЖ, ја освои светската титула со Франција во 2018, а денес – како еден од најдобрите фудбалери во светот – го носи дресот на Реал Мадрид.

реклама

„Протече“ документ: Путин најде нов сојузник во ЕУ, се подготвува средба во Москва

Read more

ФСБ објави досега невидени снимки од масакрот во Москва, во кој загинаа 149 луѓе

Read more

Мелони го крена Сенатот на нозе: Не жалам за Берлинскиот ѕид, ни за руските тенкови

Read more

Ролат по стариот добар рецепт сѐ по 6

Read more

Фудбал

Неверојатен статистички податок ги откри проблемите на Реал: Куртоа имаше повеќе додавања од средниот ред

Read more

Проблеми за Интер: Лаутаро се повреди и ќе го пропушти дербито со Милан

Read more

Извлечени осминафиналните двојки во Купот: Тиквеш против Вардар, џекпот за Работнички

Read more

Халанд и Мбапе синоќа рушеа рекорди во Лигата на шампионите

Read more

Спорт

Неверојатен статистички податок ги откри проблемите на Реал: Куртоа имаше повеќе додавања од средниот ред

Читај повеќе

Проблеми за Интер: Лаутаро се повреди и ќе го пропушти дербито со Милан

Читај повеќе

Извлечени осминафиналните двојки во Купот: Тиквеш против Вардар, џекпот за Работнички

Читај повеќе
  • play_arrow

Халанд и Мбапе синоќа рушеа рекорди во Лигата на шампионите

Читај повеќе

Винисиус: Мене ме фаулираат, а јас добивам картони

Читај повеќе
  • play_arrow

Драматична ноќ во Сплит: Навивачи на Хајдук нападнаа навивачи на Ајакс, уапсени 57 хулигани

Читај повеќе

Новата изборна идеја на Инфантино: По 25 милиони за сите асоцијации

Читај повеќе

ФИФА ги менува правилата по скандалот со Балогун и црвениот картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Киву за бламажата со Бриж: Правевме работи несвојствени за зрел, амбициозен и квалитетен тим

Читај повеќе