Аргентинската репрезентација ноќеска го победи Бенин со 3:0 на стадионот „Монументал“, а прошталниот натпревар на Лионел Меси беше одбележан со необичен потег на главниот судија.
По последниот свиреж, судијата Фернандо Вехар му пријде на капитенот на „Албиселесте“ и му ги подари своите жолти и црвени картони како спомен од овој историски натпревар.
Овој емотивен и крајно невообичаен момент ги воодушеви присутните навивачи и брзо стана хит меѓу љубителите на фудбалот ширум светот.
Referee Gives His Cards to Messi at Full Time in Argentina vs. Benin
by u/LostEconomy6824 in soccer
Фернандо Андре Вехар Диас, познат како Нано, е 37-годишен чилеански судија кој суди во домашните лига и куп на Чиле, но и во Копа Либертадорес и Копа Судамерикана.
Аргентинците за овој натпревар се одлучија за целосно чилеански судиски тим. Така, на Нано Вехар му помагаа помошниците Карлос Венегас и Владимир Муњос, четврти судија беше Хосе Каберо.
Покрај спектакуларната атмосфера што ја создадоа навивачите во Буенос Аирес, 39-годишниот волшебник од Росарио се прости со стил, запишувајќи еден гол и две асистенции.