Незамислива промена се случи во германската Бундеслига

Баерн Минхен повеќе не е на првото место во Бундеслигата, со што ја заврши својата неверојатна доминација што траеше речиси две години.

Баварските гиганти го загубија првото место на табелата од друг тим по 67 последователни лигашки кола, сето тоа поради неочекуваното реми без голови на гостински терен кај Шалке.

Иако Баварците ја отворија сезоната со убедлива победа над Штутгарт, повратникот во друштвото на најдобрите ги издржа сите напади на домашен терен.

Најголемата заслуга за ова му припаѓа на поранешниот голман на Ливерпул, Лорис Кариус, кој беше прогласен за играч на натпреварот, а неговите импресивни одбрани беа пофалени и од Мануел Нојер по натпреварот.

Овој кикс во Гелзенкирхен го означи крајот на уште една одлична серија, бидејќи Баерн не успеа да постигне гол за прв пат во 59 официјални натпревари.

Историскиот момент за преземање на лидерската позиција го искористи тимот на Аугсбург, кој го победи Ајнтрахт Франкфурт со високи 4:1.

Домашниот тим рано поведе, но Аугсбург направи целосен пресврт во второто полувреме со фантастична игра и голови на Ибрахимовиќ, Фелхауер, Клод-Морис и Ридер.

Благодарение на овој триумф и претходната победа над Шалке, тимот на Мануел Баум ги собра максималните шест бода.

Поради импресивна гол-разлика од 7:1, Аугсбург се најде на самиот врв на табелата во германското првенство за прв пат во својата клупска историја.

реклама

„Протече“ документ: Путин најде нов сојузник во ЕУ, се подготвува средба во Москва

Read more

ФСБ објави досега невидени снимки од масакрот во Москва, во кој загинаа 149 луѓе

Read more

Мелони го крена Сенатот на нозе: Не жалам за Берлинскиот ѕид, ни за руските тенкови

Read more

Ролат по стариот добар рецепт сѐ по 6

Read more

Фудбал

Неверојатен статистички податок ги откри проблемите на Реал: Куртоа имаше повеќе додавања од средниот ред

Read more

Проблеми за Интер: Лаутаро се повреди и ќе го пропушти дербито со Милан

Read more

Извлечени осминафиналните двојки во Купот: Тиквеш против Вардар, џекпот за Работнички

Read more

Халанд и Мбапе синоќа рушеа рекорди во Лигата на шампионите

Read more

Спорт

Неверојатен статистички податок ги откри проблемите на Реал: Куртоа имаше повеќе додавања од средниот ред

Читај повеќе

Проблеми за Интер: Лаутаро се повреди и ќе го пропушти дербито со Милан

Читај повеќе

Извлечени осминафиналните двојки во Купот: Тиквеш против Вардар, џекпот за Работнички

Читај повеќе
  • play_arrow

Халанд и Мбапе синоќа рушеа рекорди во Лигата на шампионите

Читај повеќе

Винисиус: Мене ме фаулираат, а јас добивам картони

Читај повеќе
  • play_arrow

Драматична ноќ во Сплит: Навивачи на Хајдук нападнаа навивачи на Ајакс, уапсени 57 хулигани

Читај повеќе

Новата изборна идеја на Инфантино: По 25 милиони за сите асоцијации

Читај повеќе

ФИФА ги менува правилата по скандалот со Балогун и црвениот картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Киву за бламажата со Бриж: Правевме работи несвојствени за зрел, амбициозен и квалитетен тим

Читај повеќе