КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО

Норвешка го израмни рекордот на Македонија, на Халанд му фалеше еден гол

Норвешка ја победи Молдавија со 11:1, израмнувајќи ја втората најубедлива победа во мундијалските квалификации во Европа, додека Ерлинг Халанд го запечати триумфот со 5 гола и 2 асистенции.

Му недостигаше еден гол за да го израмни рекордот на Австриецот Ханс Кранкл, кој постигна шест гола во еден натпревар против Малта (9:0) во 1977 година и го држи европскиот рекорд. Халанд можеше да шутира пенал во 79-тата минута, но му остави на Тело Осгорд за да прослави хет-трик. Осгорд потоа постигна и четврти гол.

Напаѓачот на Манчестер Сити стана најдобар стрелец во европските квалификации со 9 голови, а достигна и неверојатна бројка од 48 голови на 45 натпревари за својата репрезентација.

Тоа е просек од 1,07 голови по натпревар, што го става на петтото место меѓу најефикасните фудбалери за националниот тим во однос на фреквенцијата на постигнување голови, зад Герд Милер (Западна Германија, 68/62, 1,09), Шандор Кочиш (Унгарија, 75/68, 1,10), Паул Нилсен (Данска, 52/38, 1,37) и Вивиан Вудворд (Англија, 75/53, 1,42).

Норвешка е исто така најефикасната репрезентација во квалификациите за Светското првенство од Европа, постигна 24 голovi на пет натпревари и е убедлив лидер во групата со 15 бодови, пред Италија со 9 (натпревар помалку), која убедливо ја победи на домашен терен со 3:0.

Норвежаните сонуваат за настап на Светско првенство од 1998 кога последен пат беа на светскиот собир во Франција. Имаат вкупно 3 учества, освен во 1998 беа и во 1994 во САД и во далечната 1938 исто така во Франција.

Највисоки победи во европските мундијалски квалификации:

Германија - Кипар 12:0 (1969)
Норвешка - Молдавија 11:1 (2025)
Лихтенштајн - Македонија 1:11 (1996)
Унгарија - Грција 11:1 (1938)
Финска - СССР 0:10 (1957)

реклама

Како би изгледала табелата во Премиер лигата да немаше ВАР?

Read more

Како да спречите оштетување на бојата на автомобилот од птичји измет?

Read more

Колку треба да пешачите дневно за да ја одржувате тежината?

Read more

Неделен хороскоп од 11 до 17 мај: Што му носи на вашиот знак?

Read more

Фудбал

Шпански новинар: Го избркавме Модриќ, а со Мбапе потонавме како клуб

Read more

Германски судија ќе ја дели правдата на финалето меѓу ПСЖ и Арсенал

Read more

Вест Хем поднесе жалба, клубот бара да биде објавена аудио снимката од комуникацијата на судиите

Read more

Жуау Канселу испиша историја: Единствен со титули во 4 од најдобрите 5 лиги во светот

Read more
 

Спорт

Шпански новинар: Го избркавме Модриќ, а со Мбапе потонавме како клуб

Читај повеќе

Германски судија ќе ја дели правдата на финалето меѓу ПСЖ и Арсенал

Читај повеќе
  • play_arrow

Вест Хем поднесе жалба, клубот бара да биде објавена аудио снимката од комуникацијата на судиите

Читај повеќе

Жуау Канселу испиша историја: Единствен со титули во 4 од најдобрите 5 лиги во светот

Читај повеќе

АЕК ја освои титулата во Грција, а најмногу се израдува Шахтар

Читај повеќе

Како би изгледала табелата во Премиер лигата да немаше ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Винисиус сакаше да се тепа со Олмо, едвај го додржаа

Читај повеќе

Хакими ќе биде подготвен за финалето против Арсенал

Читај повеќе
  • play_arrow

Немоќните Лејкерс пред метла, Оклахома повторно победи убедливо

Читај повеќе