Нова ера: Првиот состав на Аргентина без Меси

Лионел Скалони го објави составот на Аргентина за последните натпревари во 2026 година, првиот список по повлекувањето на Лионел Меси од националниот тим. Најзначајна новина е првиот повик за 21-годишниот централен дефанзивец на Челси, Арон Анселмино.

Како што соопшти Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА), селекторот повика 28 играчи за пријателските натпревари против Уругвај и Костарика, со што ќе завршат меѓународните обврски на Аргентина за оваа година. Уругвај ќе гостува в петок, 13 ноември, на стадионот „Ла Бомбонера“ во Буенос Аирес, додека натпреварот против Костарика ќе се одигра во Кордоба во вторник, 17 ноември.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 433 (@433)

Меси се збогуваше со дресот на „Албиселесте“ во октомври, за време на натпреварот против Бенин. Тој ја заврши својата репрезентативна кариера, по поразот од Шпанија во финалето на Светското првенство, како најдобар стрелец во историјата на тимот (125 гола) и рекордер по бројот на настапи (207 натпревари). Во составот ги нема ниту Николас Отаменди, кој се повлече од репрезентативните настапи, како и Родриго де Пол, Џовани Ло Селсо и Лаутаро Мартинес.

Анселмино, централен дефанзивец кој фудбалски се разви во Бока Жуниорс, сега настапува за Челси. Во тимот се враќаат Гонсало Монтиел и Мариано Троjло, а повикан е и Максимо Пероне, кој игра за Комо заедно со Нико Пас. Емилиано Мартинес е вклучен и покрај тоа што закрепнува од повреда на вилицата, додека меѓу младите таленти на списокот се наоѓаат Франко Мастантуоно, Нико Пас, Матиас Соуле и Џанлука Престиани.

реклама

Грешиме уште на почетокот на денот: Кога е најдобро време за појадок?

Read more

5 видови храна кои делуваат како мелем за замастен црн дроб

Read more

Голем неделен хороскоп од 9 до 15 ноември 

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Фудбал

Младиот играч за врска на Рома бега од култната „седумка“ на Роналдо

Read more

Времеплов: 30 години од црвено-жолтата голеада под Алпите

Read more

Фермин Лопес: Од отпишан талент до еден од најважните играчи на Барса

Read more

Интер е кошмарот на Комо

Read more

Спорт

Младиот играч за врска на Рома бега од култната „седумка“ на Роналдо

Читај повеќе
  • play_arrow

Времеплов: 30 години од црвено-жолтата голеада под Алпите

Читај повеќе

Фермин Лопес: Од отпишан талент до еден од најважните играчи на Барса

Читај повеќе

Чуден инцидент во Лос Анџелес: Маж уапсен на имотот на Леброн Џејмс, тврдел дека му е син

Читај повеќе

Интер е кошмарот на Комо

Читај повеќе

Карик за својата иднина: Ништо нема да се случи

Читај повеќе
  • play_arrow

Капа долу за Редик: Лејкерс без Дончиќ го освоија Детроит

Читај повеќе
  • play_arrow

Навивач на Каљари паднал од трибина при обид да ги поздрави фудбалерите

Читај повеќе
  • play_arrow

Кари ги спаси Вориорс: Седма победа по ред и рекорд пред Леброн

Читај повеќе