Бурен меч одиграа Бенфика и Реал во првиот натпревар од плејофот за нокаут фазата на Лигата на шампионите. Гостите победија со 1:0 во Лисабон со гол на Винисиус Жуниор во 50-тата минута. Бразилецот го прослави голот провокативно танцувајќи пред навивачите на Бенфика. За ова доби жолт картон, а неговата прослава предизвика метеж на теренот.
По прославата Џанлука Престиани со покриена уста со дресот, за да не може да му се чита од усните, му дофрли нешто на Винисиус. Бразилецот го пријави ова кај главниот судија Франсоа Летексје, а потоа му кажа и на тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо. Судијата моментално го прекина дуелот, активирајќи го протоколот за расизам, но потоа продолжи без санкции за Престиани. Во Реал се огорчени од ова бидејќи другите фудбалери на „Кралевите“, пред сè Килјан Мбапе, тврдат дека и тие слушнале дека Престиани му рекол на Винисиус дека е мајмун.
Од друга страна, навивачите на Бенфика, како и многу неутрални фудбалски фанови, истакнуваат дека Винисиус го започнал хаосот провоцирајќи ги домашните навивачи и непочитувајќи ја Бенфика. Тие го наведуваат ова без да сакаат да оправдаат евентуален расистички испад кон него, но тврдат дека е важно да се подвлече грдото однесување на Винисиус на овој меч.
Бразилецот го постигна победничкиот гол со прекрасен удар под пречката, но го прослави трчајќи до аголот и танцувајќи со раширени нозе околу корнер знамето со грбот на Бенфика. Го направи тоа смеејќи се додека ги гледаше навивачите на Бенфика, а речиси сите играчи на Реал му се придружија во ова.
Prestianni and Benfica fans felt this Vinicius celebration was provocative.
— Godswill Red (@GodswillRed) February 17, 2026
And then, Prestianni went on to call Vinicius 'a monkey'. 😡 pic.twitter.com/IS7NwKHEDE
Навивачите на Бенфика побеснеа и фрлија неколку пластични шишиња со вода кон нив. Судијата Летексје ја забележа провокативната прослава на Винисиус и му покажа жолт картон. Навивачите на Бенфика и натаму беа бесни кон противничкиот играч и жестоко го исвиркувааа до крајот на натпреварот, а кога отиде да изведе еден корнер, повторно беа фрлени шишиња кон него.
Подоцна се појави видео кое покажува дека еден играч на Реал се однесувал фер и спортски. Антонио Ридигер (32), искусен германски дефанзивец и еден од лидерите на тимот, истрча кон своите соиграчи. Но, воопшто не славеше со нив, туку им даде знак да застанат. Буквално ги одвлече од местото во близина на навивачите на Бенфика, на кои им се извини за постапките на соиграчите.
Потегот на Ридигер ги воодушеви навивачите на Бенфика и неутралните фудбалски фанови.
„Извинувањето на Ридигер до навивачите на Бенфика ја покажува неговата класа и зрелост“, напиша еден корисник на X.
Antonio Rudiger apologizes to Benfica fans
— Mourinho Xtra (@Mourinho_Xtra) February 18, 2026
Class act and maturity 👏 pic.twitter.com/EaFTk7mAr3