Неколкумесечната сага околу Александер Исак заврши вчера со неговиот трансфер од Њукасл во Ливерпул, а клубот од „Сент Џејмс Парк“ на срамен начин се збогува со шведскиот напаѓач.
Ливерпул го донесе Исак на последниот ден од преодниот рок за 144 милиони евра, а Њукасл одлучи да ги игнорира сите достигнувања на Еритреецот од Шведска кој постигна 62 гола на 109 настапи и постигна гол во март помагајќи им на „Страчките“ да го освојат Карабао купот, што беше нивен прв трофеј по 56 години чекање.
Иако општата култура диктира дека клубовите, дури и оние што не се разделуваат со играч во пријателски тон, барем учтиво се заблагодаруваат за нивниот придонес, Њукасл не го стори тоа.
Покрај тоа, Њукасл целосно ги игнорираше головите и учеството на Исак во освојувањето трофеј по 56 години чекање.
Њукасл објави кратко соопштение од само 31 збор, со проценето време за читање од само минутка.
„Њукасл Јунајтед ја објавува продажбата на напаѓачот Александер Исак во Ливерпул за значителна, рекордна сума за британски трансфер. Шведскиот репрезентативец им се придружи на 'Страчките' од Реал Сосиедад во 2022 година и има 109 настапи во сите натпреварувања“, гласи целосното соопштение на клубот од „Сент Џејмс Парк“.
Newcastle United can announce the sale of striker Alexander Isak to Liverpool for a significant British record transfer fee.
— Newcastle United (@NUFC) September 1, 2025