Селекторот на женската репрезентација, Александар Андов, го соопшти списокот на фудбалерки што ќе бидат во комбинација за двата квалификациски натпревари против Унгарија.
На списокот се 23 фудбалерки, меѓу кои неколку нови имиња, но и повратнички кои отсуствуваа од собирот во март.
Македонија прво на 14 април (вторник) во Битола ја пречекува Унгарија, а потоа на 18-ти (сабота) во Фелчут ѝ гостува на Унгарија. Натпреварите се во рамките на Лига Ц група 3 од квалификациите за Мундијалот 2027.
По две одиграни кола Македонија има 3 бода откако ја совлада Андора, додека запиша пораз од Азербејџан.
Голманки:
Евгенија Вељановска - Скопје 2014
Викторија Пачурова - Тиверија Брера
Берна Кабакчи - Олимпиа Бохолт (Германија)
Одбрана:
Слаѓана Ѓорѓиева - Тиверија Брера
Ане Бошевска - Тиверија Брера
Павлинка Николовска - Тиверија Брера
Мила Панева - Скопје 2014
Елена Панеска - Мура (Словенија)
Ива Јовановска - Љуботен
Катерина Петкова - Спартак Суботица (Србија)
Рабиа Дервиши - Скопје 2014
Лора Сулејмани - Сен-Дени (Франција)
Среден ред:
Теона Галабовска - Тиверија Брера
Билјана Панеска - Тиверија Брера
Хава Мустафа - Љуботен
Александра Марковска - Љуботен
Ева Величковска - Љуботен
Мелани Цветковиќ - Цирих (Швајцарија)
Бојана Петкова - Полонија (Полска)
Шќипе Салији - Хајзен (Германија)
Напад:
Јована Павловска - Ас Јунајтед
Меланија Гроздановска - Љуботен
Илза Максути - Љуботен
Собирот на репрезентативките е в петок (10 април) во Охрид.