Одреден распоредот на натпревари за новата сезона и во втората лига

Филип Здравески
/ 11.06.2026 / 14:55

Натпреварувачката комисија при ФФМ денеска го објави распоредот на натпревари во втората лига за сезоната 2026/2027, откако вчера го направи истото за првата лига.

Според календарот, новата сезона почнува 15 август, а есенскиот дел завршува со 13-тото коло на 28 ноември, по што следува редовната зимска пауза. Сезоната продолжува со пролетниот дел на 20 февруари, а последното 26. коло е на програмата на 22 мај.

Во новата сезона втората лига ќе брои 14 клубови, два помалку од претходно. Од првата лига се приклучија Прелистер, Брера Струмица, Македонија ЃП, Работнички и Шкупи, а од третите лиги доаѓаат Еуромилк и Камјани, кој е единствен дебитант.

Сезоната ќе има само 26 кола, дури 10 помалку од прволигашите. Се игра по системот секој со секого по еднаш дома и еднаш на гости. Затоа и зимската пауза ќе трае речиси три месеци.

Дури 4 екипи се од Скопје, а 2 има од Струмица. Останатите екипи се од Битола, Гевгелија, Кочани, Охрид, Радовиш, Тетово, како и од селата Новаци и Камењане.

Доста трофејна ќе биде втората лига нареднава сезона бидејќи ќе се натпреваруваат поранешните прволигашки шампиони и куп освојувачи Работнички (4 лига, 4 купа), Шкупи (4 лига, 3 купа), Македонија ЃП (1 лига, 3 купа), Пелистер (2 купа), Тетекс (2 купа) и Брера Струмица (1 куп).

1. коло:

Пелистер - Камјани
Брера Струмица - Еуромилк
Македонија ЃП - Тетекс
Работнички - Кожуф
Шкупи - Дет. Плачковица
Охрид Лихнидос - Новаци
Беласица - Осогово

Пласман во првата лига ќе обезбедат првопласираните две екипи, додека третопласираниот тим ќе игра бараж натпревар против екипата што ќе заврши на 8. место во првата лига. Од лигата ќе испаднат последнопласираните три екипи, кои ќе бидат заменети со три од шесте победници на новите третолигашки региони, по одигрувањето на бараж натпревари.

За разликата од македонската елита, во втората лига не се користи ВАР системот. За добар дел од клубовите би било голем товар инсталирањето на потребната опрема за ВАР камерите на нивните стадиони, а финансиски огромен товар би паднал и на ФФМ поради потребата од оптички интернет на секој меч.

Во прилог распоредот за есенскиот дел (клик на сликата за поголема верзија):

 

Тагови
реклама

Грците веќе не простуваат: Дронови ги демнат плажите, казни летаат на сите страни

Read more

Голем пресврт за 4 хороскопски знаци до крајот на јули: Доаѓа она што е ваше!

Read more

Две малолетни деца и 18-годишник биле однесени од надојдената вода во реката Треска

Read more

Пред 19 години го бањаше како бебе, сега ќе играат мундијалско финале еден против друг

Read more

Фудбал

Реал ќе го сруши светскиот рекорд: Подготвиле понуда за Олисе

Read more

Основале клуб во тајност, на првиот меч отишле пеш, а сè започнало поради една љубов

Read more

Додека сите играат за милиони, Халанд и пријателите избраа еднаквост со дамите

Read more

Ла Лига доминира во финалето: Неверојатни податоци пред битката за пехарот

Read more

Спорт

Војдан Стојановски: Имаме шанса за следниот чекор, но мора да бидеме максимално подготвени

Читај повеќе

Реал ќе го сруши светскиот рекорд: Подготвиле понуда за Олисе

Читај повеќе

Основале клуб во тајност, на првиот меч отишле пеш, а сè започнало поради една љубов

Читај повеќе

Додека сите играат за милиони, Халанд и пријателите избраа еднаквост со дамите

Читај повеќе

Македонија против Кипар и Австрија во втората рунда од претквалификациите за ЕвроБаскет 2029

Читај повеќе

Ла Лига доминира во финалето: Неверојатни податоци пред битката за пехарот

Читај повеќе

ФФМ го одби барањето на Вардар за одложување на првиот натпревар од новата сезона

Читај повеќе

Пронајдено шишето на Пикфорд со белешки за пенали, реакцијата на Меси станува хит

Читај повеќе

Не можеше без политика: Дали ФИФА ќе ги казни Аргентинците за забранетиот транспарент?

Читај повеќе