Македонскиот и словенечкиот селектор ги отворија картите за денешниот натпревар во рамките на 2. коло од Лигата на нации, Група 1 од Лига Б.
Како што и најави на синоќешната прес-конференција, Гоце Седлоски направи доста промени во стартниот состав во однос на единаесетмината што почнаа и разочараа против Швајцарија во саботата. Помеѓу стативите е стандардниот Столе Димитриевски (денес капитен), во одбраната лево е Дин Аломеровиќ, десно Андреј Стојчевски, а на централните позиции Анес Мељичи и Марио Младеновски. Средината ја сочинуваат Матеј Гаштаров, Јани Атанасов и Агон Елези, на крилните позиции се Елиф Елмас лево и Димитар Митровски десно, додека во нападот е Азер Омерагиќ. За овој натпревар не се во комбинација повредените Бобан Николов и Езѓан Алиоски, а одлука на селекторот е да не бидат во тимот Себастиан Ерера и Тихомир Костадинов.
Селекторот на Словенија, Боштјан Цесар, се одлучи за капитенот Јан Облак на голот, во одбраната Ерик Јанжа, Вања Дркушиќ, Јака Бијол и Давид Брекало, во средината се Жан Карничник, Адам Гнезда Черин и Санди Ловриќ, по крилата Данијел Штурм и Тјаш Бегиќ, а во нападот е Жан Випотник.
Натпреварот ќе го суди италијански судиски тим со Андреа Коломбо како главен, ќе му помагаат Џовани Бачини и Валерио Колароси, а четврти судија е Матео Маркети. Во ВАР собата главен ќе биде Мајкл Фабри, а помошник Федерико Ла Пена.
Почетокот е закажан за 20:45 часот на стадионот „Стожице“ во Љубљана, кој е со капацитет од 16.038 гледачи. Директен пренос ќе оди на Арена М1 Премиум.