Дури и 25 години по трансферот, навивачите на Барселона не му простија на Луиш Фигу за преселбата во Реал Мадрид, а тој го почувствува тоа кога се појави синоќа меѓу навивачите на каталонскиот клуб.
Фигу го гледаше поразот на Барселона од Пари Сен-Жермен во живо од ВИП ложата. Парижаните покажаа зошто се шампиони на Европа, бидејќи направија пресврт и ја победија Барселона и покрај фактот дека играа без најголемите ѕвезди во напаѓачкиот дел од тимот.
Во пресрет на големата средба на стадионот Олимпико, некогаш големата ѕвезда на светскиот фудбал се појави во ВИП ложата. Сепак, влегувањето на Фигу на трибините покажа дека навивачите никогаш не му простиле, и нема да му простат, за преселбата во Реал Мадрид.
Следеа серија жестоки свирежи, а потоа целиот стадион ја испеа навредливата песна:
„Овој Португалец, кучкин син е“, беше пораката што одекнуваше од Олимпико.
Barcelona fans chanting "ese portugués, hijo puta es" at Luís Figo when they saw him in the UEFA box tonight.
— Sean Gillen (@SeanGillen9) October 1, 2025
25 years later and the feelings are still vicious.
The most infamous transfer of all time?pic.twitter.com/xhAQjh9W9a
Новинарката Лаја Червело Ереро од местото на настанот изјави дека навредите биле „заглушувачки“ и дека се повторувале на секои пет минути упатени кон познатиот португалски фудбалер.
Иако Фигу беше клучна фигура за Барселона во текот на петте години во кои имаше 249 настапи, тој ги „изгоре“ сите врски со клубот со преселбата во Реал Мадрид во јули 2000 година. Тој трансфер се сметаше за најголемо предавство во историјата на фудбалот.
Во својот прв натпревар на „Камп Ноу“ како играч на Реал Мадрид во ноември 2002 година, тој доби сличен прием од домашните навивачи, при што еден навивач фрли свинска глава кон него.