Премиер лига 2025/2026

Парадокс на Итихад: Вториот најдобар стрелец на Сити не ни игра за Граѓаните

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд е убедливо најдобриот играч и најдобар стрелец на Манчестер Сити сезонава, со сите други во негова сенка, а тоа јасно го покажува еден крајно парадоксален факт.

Имено, вториот најдобар стрелец на Сити во Премиер лигата оваа сезона воопшто не доаѓа од тимот на „Граѓаните“, бидејќи е играч од сосема друг тим.

Халанд е неоспорен на врвот на листата на стрелци со 13 голови во Премиер лигата, а вториот, верувале или не, е дефанзивецот на Барнли со два гола постигнати за Сити.

Францускиот стопер Максим Естев постигна два автогола во натпреварот на Барнли против Сити, кога тимот од „Итихад“ славеше со високи 5:1, и иако тоа беше на 27 септември, ниту еден играч на Сити освен Халанд нема повеќе голови постигнато во Премиер лигата.

Нико О'Рајли, Матеуш Нунеш, Тиџани Рејндерс, Фил Фоден и Рајан Шерки постигнаа по еден гол за Сити.

И покрај сè, Сити е втор на табелата со 19 бодови, но веќе заостанува 6 зад лидерот Арсенал. Следниот натпревар на Сити е против Ливерпул, а ова големо дерби е закажано за недела од 17:30 часот.

реклама

Фудбал

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Read more

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Read more

УЕФА му ја намали казната на Луис Диас

Read more

Лион среде скандал: Како клубот направил фиктивни трансфери вредни 120 милиони евра?

Read more
 

Спорт

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Читај повеќе

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ за полувреме уфрли 30 поени и донесе пресврт за Денвер

Читај повеќе

УЕФА му ја намали казната на Луис Диас

Читај повеќе

Лион среде скандал: Како клубот направил фиктивни трансфери вредни 120 милиони евра?

Читај повеќе

Артета за набиениот распоред: Ова е премногу, играчите не се машини

Читај повеќе

Жорди Алба се збогува со фудбалот во финалето на МЛС

Читај повеќе

Фламенгу го слави Фелипе Луис, за 14 месеци освои 5 трофеи

Читај повеќе

Газдата на Брајтон вмешан во обложувачка афера

Читај повеќе